Царовска: Помагаме во Стајковци и праќаме порака, вака ќе се грижиме за секој граѓанин!

Од:

Денеска сме со граѓаните од Стајковци. Еден месец пo поплавата гледаме дека улиците и домовите сеуште не се расчистени и граѓаните се гушат во влага во сопствените домови. Децата од најпогодените подрачја како и сите други деца во Македонија вчера појдоа во училиште, но никој не се прашува дали овие ученици имаат услови да учат и да ги извршуваат домашните задачи. Никој не се погрижи после првиот шок од поплавата да ги евакуира и да ги смести на безбедно и чисто децата, лицата со попреченост, старите и изнемоштени лица, мајките со бебиња и бремените жени. Ова се најризични категории или најзагрозени групи на граѓани во елементарни непогоди поради тоа што директно е изложено под ризик нивното здравје, рече Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика.

Хронично болните и лицата со попреченост иако изгубија се во своите домови не ја добија терапијата којашто мораат да ја примаат и лековите коишто мора да ги примаат секој ден.

Граѓаните се оставени сами на себе во борбата за достоинствен живот после преживеаната катастрофа. Ние сме денеска тука на 30 најзагорзени семејства да им поделиме кујнски мебел. Не дека овој потег и оваа помош ќе ги реши сите проблеми на граѓаните, но сепак ќе придонесе кон приспособување на нивните домови за да може да се вратат на секојдневните текови на живот. Јавноста мора да знае дека граѓаните коишто се корисници на системот за социјална заштита, корисници на постојана парична помош може да се обратат и да си го остварат правото на еднократна парична помош од 30.000 денари и овие пари се независни од оние пари што ги дава Влада на Р.Македонија, град Скопје итн.

На крај мора да се потенцира фактот дека институциите имаа лоша реакција во справување со оваа криза. Што е она што можевме и моравме да го направиме поинаку?

Министерството за труд и социјална политика требаше уште истиот ден да ги стави на располагање сите сместувачки капацитети коишто ги има. Да ги преадаптира, да ги пушти центрите за социјална работа по проценка на ризичните категории на граѓани и истите овие граѓани да ги евакуира, да ги смести и да им обезбеди храна, вода, лекови, психо-социјална и здравствена поддршка. Само ваков одговор на Министерството за труд и социјална политика може да ги намали последиците коишто ги направи една ваква катастрофа.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски