Министерката Мила Царовска по гостувањето во емисија, веднаш се јави на социјалните мрежи со апел да се спречат дезинфорамциите за нејзината изјава.
-Во интерес на вистината ве молам споделувајте. Насловите подолу кои ги вадат порталите се целосно извртување на вистината.
Во емисијата детектор споделувам индикатор објавен минатата недела од Државниот завод за статистика, а не изразувам мој став. Во текстот подолу ја има целата изјава во која цитирам два извора кои објавуваат потребна сума на пари за живот во текот на месецот. Едниот е од синдикатите другиот од статистика, напиша Царовска на „Фејсбук“ и ја сподели целосната изјава.
Одредени портали, по гостувањето напишаа наслови кои очигледно се извртени и се спротивни од она што го изјави Царовска.
Со наслов „Царовска: Четиричлено семејство може да го помине месецот со 17.000 денари“ „Република“ наведува дека министерката тврди такво нешто, иако од текстот кој е под истиот наслов Царовска кажува нешто сосема друго.
-Многу е субјективно за да може да кажеме колку би изнесувала. „Лајкин индикаторите“ кажуваат колку е. Вас ви требаат 203.700 денари на годишно ниво, четиричлено домаќинство со две деца до 14 години двајца возрасни. И тоа е речиси до минимална плата на месечно ниво. Тоа е како една пресметка. Ако одиме на синдикалната кошничка таа вели 32.000 денари, а тоа е два пати по ова што е тука пресметано. Но ако велиме квалитет на живот кој што значи се што ни недостига и се што одредено семејство му треба и сака да го прави, таа може да оди многу повеќе. Но не можеме да дискутираме и да креираме политики врз база на претпоставки. Сепак оние бројки кои што ги пресметува или синдикатот или Статистика како „лајкин индикатор“ треба да се основа за креирање на политики, рече Царовска за „Детектор“, пишува Република во текстот.
Инфомакс со наслов „ЦАРOBCKA CO РOЗOВИ OЧИЛA : 17 Илjaди дeнapи мeceчно се дoвoлни за чeтepичленo семejcтво“, а во текстот сосема спротивна изјава на министерката од која се гледа дека таа не го вели тоа и не го застапува таквиот став.
-Според „лајкин индикаторите“ на едно семејство со две деца до 14 години и двајца родители мeceчно му требаат околу 17.000 денари, вели за „Детектop“ министepкатa за труд и социjaлна политика Мила Цapoвска, додавајќи дека Министepcтвото за труд и социjaлна пoлитиka не може да ги базира своите пoлитиkи врз основа на субјективните пресметки за тоа колку пapи се потребни за да се помине месецот, напиша Инфомакс.
Изјавата која ја кажа министерката во емисијата е следна:
“Многу е субјективно за да може да кажеме колку би изнесувала. „Лајкин индикаторите“ кажуваат колку е. Вас ви требаат 203.700 денари на годишно ниво, четиричлено домаќинство со две деца до 14 години двајца возрасни. И тоа е речиси до минимална плата на месечно ниво. Тоа е како една пресметка. Ако одиме на синдикалната кошничка таа вели 32.000 денари, а тоа е два пати по ова што е тука пресметано. Но ако велиме квалитет на живот кој што значи се што ни недостига и се што одредено семејство му треба и сака да го прави, таа може да оди многу повеќе. Но не можеме да дискутираме и да креираме политики врз база на претпоставки. Сепак оние бројки кои што ги пресметува или синдикатот или Статистика како „лајкин индикатор“ треба да се основа за креирање на политики.