Царовска: Инвестираме во најранливите, се грижиме за сите

Од:

Мила Царовска, носителка на листа на пратеници во ИЕ 1, вчера попладне се сретна со жителите на Кале. На средбата Царовска разговараше за сработеното досега и за она што го нуди предизборната програма на коалицијата „Можеже”.

– Ве повикувам на 15 јули да гласате за СДСМ. Како социјал – демократи веруваме во праведност и праведно општество. Затоа во следниот мандат минималната плата ја зголемуваме до 40%, а присечната плата до 30%. Минималната пензија ја зголемуваме на 10.700 денари. Со ова инвестираме во најранливите, рече Царовска.

Таа најави проширување на опфатот на социјалната помош на 34.000 домаќинства како и зголемување на опфатот на деца корисници на образовен и детски додаток.

– Изминатиот период ја намаливме стапката на невработеност кај младите лица и изнесува 35,3% споредено со 2016 кога беше 48,6%. Ова ни дава поттик и понатаму како политичка партија да креираме мерки кои ќе придонесат за зголемување на вработувањето на младите, рече Царовска.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он