Царовска до Мисајловски: Добивте шамар од средношколците, кои три дена ги буцкате на бојкот

Од:

Министерката за образование Мила Царовска одговарајќи на пратеничко прашање на Владо Мисајловски за дигитализација на учебниците , рече дека процесот за вклучување во дигиталниот пристап на учениците е светски тренд кој е неминовен и не зависи од неа. Објасни дека процесот нема да се одвива одеднаш како што тоа го претставуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека овој процес мора да се спроведе со препорака на Европската комисија, па затоа и предлогот на законот ќе биде со европско знаменце. Царовска ја обвини опозицијата дека ги манипулира родителите, наставниците и учениците и ги поттикнува на бојкот на реформата.

„Се обидувате да ги изманипулирате родителите и учениците, дека ние ќе сме донеле некоја реформа која ќе го укине класичното образование. Сакате да им наметнете невистини преку лажни вести и ширење невистини, заради политички поени. 12 години бевте на власт и што направте за образованието? Анализите покажуваат дека само 1% има подобрување на квалитетот на наставата, тоа е вашиот резултат. Денеска добивте шамар од Сојузот на средношколци, кои кажаа дека се учесници во бојкотот. Вистината е поинаква , а тоа дека ќе може да се изберат книги во печатени, или дигитална форма и тоа нема да биде само PDF-формат, како што можеби си замислувате вие во вашите глави. Ќе мораме да го туркаме овој процес, да ги доближиме содржините до младите кои живеат во дигитален свет, сакале ние или не , тоа е светски тренд кој покасно или порано ќе ни се случи“, рече Царовска.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба