Царовска: Директорите на училиштата до 10 септември да достават барање за настава со физичко присуство

Од:

Министерката за образование Мила Царовска на денешната прес-конференција информираше дека на владина седница е усвоен планот за започнување на учебната 2020/2021 година, под посебни услови и протоколи. Таа ги повика општините и директорите на училиштата до 10 септември да поднесат барања во кои ќе ги образложат условите во нивните училишта за изведување настава со физичко присуство.

„Овој план ги обезбедува сите чекори за намалување на ризиците од ширење на вирусот Ковид-19. Затоа ги ги повикувам општините и училиштата да ги информираат родителите и учениците за своите капацитети и да поднесат барање до владината комисија за започнување на наставата со физичко присуство. Нудиме комбиниран план за настава на далечина и со физичко присуство, а за успешно реализирање се работи на онлајн платформа која ќе ја презентираме наскоро. Секаде каде што просторните услови дозволуваат ќе има настава со физичко присуство, а владата за таа цел формираше комисија која ќе ја следи состојбата во училиштата“, рече Царовска.

Таа информираше дека најважно е децата од прво до трето одделение да ја следат наставата и ги повика нивните родители и старатели да се изјаснат писмено, а училиштата за таа цел да ги искористат сите капацитети што  им стојат на располагање за да може поголем број ученици да следат настава со професор.

„Од прво до трето е важно да ја следат наставата во училиштата  со сите заштитни мерки, но и во согласност со родителите и старателите. Оние деца кои ќе следат настава на далечина, односно нема да го пуштат детето во училиште, треба да потпишат писмена изјава. Во рамките на одреден наставен предмет, професорите кои држат настава физички треба да ги вклучат и оние кои следат од компјутер, потоа да го снимат реализираниот наставен час и да го испратат на учениците кои не следеле. Исто така, професорот е должен да одржи посебен час само за учениците кои следат настава на далечина“, рече Царовска.

„Во училница е дозволено да има до 20 ученици, распоредени на 1,5 метар растојание, со задолжителна дезинфекција на раце и носење заштитни маски. Часот ќе трае 30 минути. Во средните училшта, часот ќе трае 35 минути, 5 минути одмор ќе има по секој час, а големиот одмор ќе биде 15 минути по третиот час. Наставниците се должни да држат настава со физичко присуство, со исклучок само оние кои имаат ретки или хронични болести, кои ќе треба да упатат барање до директорот да држат настава онлајн. Учениците кои не можат да следат настава со физичко присуство ќе имаат пристап до печатени материјали, кои ќе им се доставуваат на родителите и учениците во строго контролирани услови и протоколи“, додаде министерката.

Владиниот план, според Царовска, овозможува инклузивно образование и физичко присуство и за ученици со попреченост на кои ќе им се обезбеди присуство со дефектолог, педагог, но родителите ќе треба да дадат согласнот дали ќе одат во училиште или ќе учат онлајн. Децата со ретки и хронични болести ќе следат настава исклучиво од дома.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска