Царинска управа: Спречена шверц на фреон на преминот „Богородица“

Од:

Царински службеници на граничниот премин Богородица спречија недозволено внесување на фреон во боци за еднократна употреба, што се забранети за увоз.

„Боците се откриени на влез во државата во товарно возило со македонски регистарски таблички управувано од лицето Д.Г. При царинска контрола на возилото беа пронајдени 1.150 боци со неколку типа на фреон со вкупна тежина од над 13,5 тони.

Прометот на средства за ладење во цилиндри за еднократна употреба е забранет заради заштита на животот и здравјето на луѓето и на животната средина, како и заради елиминирање на истекувањата на супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка. Стоката е привремено задржана, а за едно физичко и едно правно лице се поднесени кривични пријави до Основното јавно обвинителство, за кривично дело недозволена трговија, казниво според Кривичниот законик“, извести Царинската управа.

Би можело да ве интересира

Србин преку „Табановце“ се обиде да пренесе 130 кг. марихуана сокриена во 14 патнички торби

Горан Наумовски

Македонско-бугарска банда кримчарела луксузни автомобили во земјава

Катерина Ѓуровски

Судот протера двајца Срби кои шверцувале цигари во Македонија

На „Табановце” и на „Богородица“ се чека до 30 минути

На „Богородица“, „Дојран“ и „Табановце“ се 30 минути

На „Богородица“ се чека околу 30 минути