ВИДЕО: Цариник вработен во Сектор за контрола и истраги го посетил Груевски во Будимпешта

Од:

Уште едно лице вработено во Царинската управа, поточно во Секторот за контрола и истраги било во посета на осудениот бегалец, Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија и во моментов се наоѓа во престолнината Будимпешта. Лицето и неговиот колега Александар Трајковски, кој исто така беше во посета на експремиерот, се опфатени во истрагата за бегството на Груевски.

Цариникот е идентификуван откако беше фотографиран со Груевски од страна на угарскиот портал „24.ху“, додека седат во еден елитен ресторан. Цариникот, користел два денови одмор и еден слободен ден во периодот кога прстојувал во Унгарија со Груевски.

Директорот на Царинска управа, Ѓоко Танаскоски, кажа дека не може да ги спречи неговите вработени да си патуваат, а за посетата на двајца службеници во Будимпешта се врши истрага.

„Против второто лице кое беше во Будимпешта, се водат и други истраги“, посочи директорот. Неофицијално, вториот цариник е осомничен и во рамки на друга истрага, поврзана со шверцување на стоки, а се товари за злоупотреба на службена должнсност.

„Ние може да побараме од другите служби кои постапуваат да проверат дали има кршење на условите“, додаде тој, посочувајќи дека првиот царински службеник кој беше да го посети Груевски во Будимпешта, Александар Трајковски, исто така доаѓа на работа, а истрагата за него е во тек. Од Царинската управа посочуваат дека досега немало дисциплински потапки против овие двајца вработени.

Екипа на унгарскиот портал „24.ху“ пред две недели го лоцираше бегалецот Никола Груевски во Будимпешта како руча во познат и скап унгарски ресторан. Груевски не бил сам, него го придружувале неколку лица, а имал и личен возач. Експремиерот не одговараше на прашањата од новинарот дали Унгарија му помогнала во бегството и како успеал да избега од Македонија.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода скопјанец, одземени две товарни возила со криумчарена стока на македонско-косовската граница

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

Царина поднесе кривична за доктор и медицинска сестра кои криумчареа ботокс

А1он

Златен накит вреден 1,1 милиони денари е запленет на „Богородица“

(ВИДЕО) Цариниците запленија златен накит вреден 1,5 милиони денари

Горан Наумовски