Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Од:

Метилендиоксиметамфетамин, мефедрон и марихуана се пронајдена при претрес на стан во Гостивар каде престојувала студентка, државјанка на Република Турција.

Како што соопшти Царинската управа, инспектори од Одделението за истраги при претресот извршен по налог на надлежното обвинителство, биле пронајдени шест таблети од психотропната дрога метилендиоксиметамфетамин (MDMA), 1,63 грама мефедрон, марихуана и десет семки од канабис.

-Во текот на предистражната постапка е утврдено дека студентката примила авионска пратка испратена од физичко лице од Белгија, заведена како „нотес“. По приемот на пратката, осомничената ја отворила и од неа ја извадила дрогата. Во истиот момент, царинските инспектори, со налог на јавен обвинител, извршија претрес, при што е пронајдена дрогата, се наведува во соопштението.

Со наредба на јавниот обвинител, запленетите супстанци се доставени на вештачење во Министерството за внатрешни работи, каде е потврден нивниот хемиски состав.

Против осомничената е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гостивар за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

(ВИДЕО) Спречен е транспорт на дрога во близина на Градско, уапсени се две лица

Истрагата откри: Гостиварец си го уби својот татко, па се обиде да ги уништи трагите

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Разбиена мрежа за дрога – повеќе од 100 уапсени во Украина, Полска и Молдавија

А1он