Царината заплени 50.421 средство за хигиена поради сомнение за фалсификат

Од:

На ден 26.09.2014 година мобилните царински тимови привремено задржаа 50.421 средства за лична хигиена и чистење, поради сомневање дека повредуваат права од интелектуалан сопственост.

На царинската испостава Скопје 3, за увозно царинење се пријавило товарно возило со македонски регистарски таблички, натоварено со средства за хигиена и средства за чистење со потекло од Турција, наменети за фирма увозник од Скопје. При контрола на стоката, царинските службеници открија 11.165 килограми прашак за перење и течен детергент, 5.712 килограми течни средства за чистење и 37.113 пасти за заби од 50 мл и 125 мл, со ознаки на повеќе заштитени трговски марки. Согласно одредбите од Законот за заштита на правата од интелектуална сопственост, Царинската управа ќе поведе постапка за утврдување на оригиналноста на стоката.

Воедно, во текот на минатата недела, во 4 одвоени случаи, мобилните царински тимови задржаа и 1.235 готови текстилни производи со ознаки на заштитени трговски марки, откриени при контрола на 4 патнички моторни возила со македонски регистарски таблички, управувани од македонски државјани.

Во првиот случај, при контрола извршена во близина на Неготино, во багажниот простор на возилото, во повеќе најлонски кеси, пронајдени се 453 готови текстилни производи (долни и горни тренерки, маици, шорцеви и блузи) со ознаки на повеќе заштитени трговски марки.

Во вториот случај, при контрола извршена кај патарината кај с. Петровец, во багажниот простор на возилото, во повеќе картонски кутии, пронајдени се 255 готови текстилни производи (кошули, блузи, фармерки и дуксери) со ознаки на повеќе заштитени трговски марки.

Во третиот случај, при контрола извршена исто така кај патарината кај с. Петровец, во багажниот простор на возилото, во повеќе црни кеси, пронајдени се 244 готови текстилни производи (женски маици, панталони и хеланки) со ознаки на повеќе заштитени трговски марки.

Во четвртиот случај, при контрола извршена на патниот правец Неготино – Велес, во багажниот простор на возилото, во повеќе вреќи, пронајдени се 283 готови текстилни производи (кошули, блузи и ремени) со ознаки на повеќе заштитени трговски марки.

 

Покрај тоа, во текот на минатата недела и викендот, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење стока, при што се запленети девизи, златен накит, автоделови, алати, цигари, репроматеријали за текстилни производи и модни додатоци, религиозни производи, мобилни телефони, делови за компјутери и фалсификати.

Задржана е следната стока:

Девизи и златен накит

– 6.000 евра, откриени на граничниот премин Богородица, при личен претрес на македонски државјанин кој управувајќи патничко моторно возило со македонски регистарски таблички, се пријавил за излез од државата. Во џебовите од неговите панталони пронајдени се 8.000 евра, од кои согласно законските прописи, вратени му се 2.000 евра – износ што резидент може слободно да го изнесе од државата.

– 8 златни алки со вкупна маса од 113 грама, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на патните торби на швајцарски државјанин, со потекло од Република Македонија, кој допатувал со лет од Базел.

Машини, автоделови и алати

– 4 употребувани производи – хидраулична пумпа за кипер, ротор пумпа и гарнитура од 2 буфери за товарно возило ВОЛВО, откриени на граничниот премин Богородица, при контрола на товарно моторно возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата. Непријавените производи пронајдени се во кабината на возилото, на креветот и под совозачкото седиште.

– 24 ножеви за фреза, откриени на граничниот премин Дојран, при контрола на патничко моторно возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата. Непријавените производи се пронајдени под задното седиште, под патосниците позади предните седишта и во најлонски кеси, сместени во багажниот простор на возилото.

– 22 автоделови со натпис НИССАН, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на автобус со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата, на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените делови се пронајдени во картонска кутија, сместена во просторот за алат на автобусот.

Репроматеријали

– 1.423 парчиња и 220 метри украсни елементи за ташни, откриени на граничниот премин Богородица, при контрола на патничко моторно комбе со полски регистарски таблички, со кое за влез во државата се пријавиле 9 полски државјани. Непријавените производи пронајдени се во картонска кутија, сместена помеѓу патните торби, во багажниот простор на возилото.

– 3.054 разни делови и 12 килограми ткаенина за постава, за изработка на текстилни производи, откриени на граничниот премин Богородица, при контрола на патничко моторно возило со грчки регистарски таблички, управувано од грчки државјанин, пријавено за влез во државата. Непријавената стока пронајдена е во најлонски црни ќеси, сместени во багажникот на возилото.

– 568 килограми полиестер, откриени на царинската испостава Прилеп, при контрола на стока со потекло од Турција пријавена за увозно царинење, наменета за фирма увозник од Прилеп.

Цигари

– 10 штеки цигари со македонски акцизни маркички и 19 автоделови (потисна плоча, ребраст каиш, амортизери, филтри за масло, ламела и др), откриени на граничниот премин Табановце автопат, во соработка со граничната полиција, при контрола на патничко возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за излез од државата. Непријавените автоделови се пронајдени во просторот за резервна гума, а цигарите биле сокриени под задното седиште и во потпирачите на предните седишта.

Останато

– 103 делови за компјутери (мемориски картички и печатени кола), откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на патните торби на унгарски државјанин, кој допатувал со лет од Виена.

– 246 разни религиозни производи (бројаници, верски капи, килими за молитва и метални чинии), откриени на граничниот премин Деве Баир, при контрола на товарно моторно возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата. Непријавените производи пронајдени се во три најлонски кеси сместени на креветот и една кутија сместена на подот, во кабината на возилото.

– 12 употребувани мобилни телефони Самсунг, ЛГ, Сонѕ Џпериа и И Пхоне, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на личниот багаж на шведски државјанин кој допатувал со лет од Малме.

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост

– 200 резервни делови за патнички автомобили и 4.008 машки тренерки со ознаки на заштитени трговски марки, откриени во два одвоени случаи, на граничниот премин Дојран.

Во првиот случај, при контрола на товарно моторно возило со српски регистарски таблички, натоварено со стока со потекло од Кина, наменета за увозник од Србија, пронајдени се 4.008 горни и долни машки тренерки .

Во вториот случај, при контрола на товарно моторно возило со македонски регистарски таблички, натоварено со стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Словачка, пронајдени се 200 куќишта за предни светла за патнички моторни возила.

– 200 готови текстилни производи и 9 рачни часовници, со ознаки на заштитени трговски марки, откриени во два случаи на граничниот премин Богородица, при контрола на едно патничко и едно товарно возло, пријавени за влез во државата

Во првиот случај, при контрола на патничко моторно возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пронајдени се 9 рачни часовници, за кои возачот изјавил дека ги набавил во Грција, за 20 евра по парче.

Во вториот случај, при контрола на товарно моторно возило со турски регистарски таблички, натоварено со текстилни производи со потекло од Турција, наменети за увозник од Косово, пронајдени се 200 детски тренерки со ознаки на заштитена трговска марка.

Царинска управа на Македонија

Би можело да ве интересира

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека

Спречен шверц на брендирани производи, цигари и девизи

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Царинска управа: Спречен влез на 1,7 тони лекови штетни по здравјето на граѓаните

А1он

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ