Царината заплени 318 илјади евра

Од:

Царинските службеници од граничниот премин Табановце-автопат спречија обид за нелегално изнесување на 318.000 евра од Македонија, информира Царинската управа.

– Денеска околу 11:40 часот, за излез од Република Македонија се пријави патничко моторно возило „сеат леон“ со македонски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин со иницијали Т.И.

На прашање на царинскиот службеник дали има нешто да пријави за царинска контрола, возачот одговорил негативно.

Поради сомневање во неговата изјава, царинските службеници пристапиле кон детална контрола на возилото, при што во торбица ставена на задните седишта од возилото се пронајдени непријавени 318.000 евра, повеќето во апоени од 50 евра, соопшти Царинската управа.

Девизите се задржани, а против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа