Царината заплени 144 пирсеви на Деве Баир

Од:

Цариниците откриле и заплениле 144 пирсеви и 3 пиштоли за дупчење уши на граничниот премин Деве Баир, при контрола на возило со бугарски регистарски таблички. Ова е дел од извештајот за работата на царината во текот на минатата недела и викендот.

Царинските службеници откриле повеќе обиди за криумчарење стока, при што привремено задржале цигари, облека, ловџиски кучиња, пирсеви, пиштоли за дупчење уши, рачни алати, автостакла и фалсификати.

Задржани се 55 штеки цигари LD и Monte Karlo со македонски акцизни маркички пронајдени во резервоат на возилото, кој бил специјално преграден и адаптиран за криење стока.

Цариниците откриле 2.240 парчиња шалови на граничниот премин Богородица, при контрола на возило со турски регистарски таблички, управувано од турски државјанин.

Две ловечки кучиња од расите Тробоец и Балканец, откриени се на граничниот премин Дојран, при контрола на возило со грчки регистарски таблички.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро

Горан Наумовски

Царинската војна збриша 5.000 милијарди долари за два дена

69 камионџии со неправилни сертификати за „професионална компетентност на возач“

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Спречен шверц на пиротехнички материјали, лекови, парфеми и облека

А1он