Царината спречи цверц на еден килограм марихуана

Од:

Царината вчера на автопатот од граничниот премин Табановце спречи шверц на еден килограм високо квалитетна опојна дрога – марихуана.

Дрогата е откриена во патничко моторно возило марка Фолксваген тип Голф со македонски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин со иницијали А.И. (27) од Скопје.

Како што информира Царинската управа, осомничениот два дена пред тргнувањето на пат, од лице кое не го познава, ја купил марихуаната за сума од 400 евра, која била спакувана во две пакувања замотани во црна фолија и залепени со проѕирна селотејп трака. Откако ја купил марихуанта едното пакување го скрил во просторот кај моторот под филтерот за воздух, додека другото пакување го скрил зад инструмент таблата, а потоа се упатил кон граничниот премин Табановце со намера да ја пренесе до Прешево во Република Србија.

Запленетата марихуана на западно европскиот пазар во продажба на големо би достигнала цена од околу 3.000 евра, а доколку би се продавала во помали количини, цената би била неколкукратно повисока.

Осомничениот А.И. е лишен од слобода и ќе биде предаден во Основниот суд Куманово. Царинската управа на Република Македонија до надлежното Основно јавно обвинителство против осомничениот ќе поднесе кривична пријава, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Рекордна заплена на дрога во Чиле – фатени се над 100 тони кокаин вредни околу 8,3 милијарди долари

А1он

Карабинерите кај Албанец пронајдоа дрога вредна повеќе од 3 милиони евра

А1он

20 килограми кокаин запленети во Србија – уличната вредноста на дрогата достигнува и до 5 милиони евра

А1он

На „Богородица“ запленета е златна плочка која беше сокриена во чевел

Горан Наумовски

Цариниците најдоа злато скриено во чорапи на српско-црногорската граница

А1он

Уапсен е скопјанец – пронајдени се марихуана, амфетамин и метадон во подрум во Аеродром

А1он