Царина заплени 780 килограми тутун вреден 3,4 милиони денари

Од:

Секторот за контрола и истраги при Царинска управа спроведе поголема акција во Битола и Ресен во која се запленети 780 килограми режан тутун со вкупна вредност од 3,4 милиони денари. Во акцијата се извршени претреси на домови и помошни простории, а извршени се и контроли на градските пазари. Тројца сторители ќе одговараат кривично, а до едно лице ќе биде поднесена прекршочна пријава. Во предистражната постапка од овие дела е утврдена директна штета врз Буџетот во висина од 2,8 милиони денари, информираат од Царинската управа.

– Имено, на ден 13.12.2024 година по издадена Наредба за вршење претрес на дом и други помошни простории од основен суд во Ресен, инспектори од Секторот за контрола и истраги извршија претрес на помошни простории што се користеле како дуќан од страна на лицето С.Т. од Ресен. При извршениот претрес пронајдени се околу 259 килограми режан тутун. Извршени се и контроли на градскиот пазар при што од лицето Р.Н. од Ресен одземени се 100 килограми режан тутун. Истиот ден по издадена Наредба за вршење претрес на дом и други помошни простории од основен суд во Битола извршен е претрес на помошни простории што се користеле како гаражи од страна на лицето Ѓ. К. при што се пронајдени околу 283 килограми режан тутун. Дополнително при контроли на градскиот пазар во Битола, од истото лице се одземени уште 88 килограми режан тутун, како и дополнителни 49 килограми режан тутун од лицето Т.Н, се вели во соопштението од Царинска управа.

Би можело да ве интересира

Кривични за екс директор и раководител за јавни набавки во М-НАВ, направиле штета од 1,5 милиони денари

Полицијата во Неготино заплени 283 килограми тутун

Горан Наумовски

Запленети автомобили, 126 килограми тутун за наргиле, лекови за животни, цигари и женски обувки со потпис на познати модни брендови

Катерина Ѓуровски

Спречено криумчарење на злато, лекови, фотоапарати, опрема за боречки вештини

Опрема за рударење криптовалти, стоматолошки столици, канаринци – што се заплениле царинците во една седмица

Катерина Ѓуровски

Се криумчарат и импланти за гради