Царина: Забрзан транспортот на стока на ГП Богородица, поставена нова дигитална вага

Од:

Забрзан е транспортот на стока на граничниот премин Богородица по поставувањето на новата дигитална вага со која се контролира тежината на секој камион кој поминува низ преминот. Со нејзиното поставување е значително скратено времето на чекање на граничниот премин каде дневно поминуваат околу 245 камиони кои пред да се царинат на царинска испостава Гевгелија, или да се пуштат за транзит, задолжително се мерат на овој премин. Нејзиното поставување беше едно и од клучните барања на транспортерите, соопшти Царинската управа.

Управничката на царинарница Гевгелија, Тања Илијоска, вели дека тежината на декларираната стока е првиот индикатор за проверка на точноста на информациите и е многу важна при контрола на секој внес, изнес и транзит на стока.

– На преминот се мери секоја стока, вклучувајќи ги и празните цистерни се со цел да се направи сеопфатна контрола на истата, односно проверка на точноста на декларираната тежина. Од почетокот на годинава заклучно со 31 октомври на влез на граничниот премин Богородица се измерени вкупно 74.685 товарни моторни возила. Поставувањето на новата дигитална вага значително го забрза транспортот на стока на преминот. Мерењето е клучно за овозможување услови за фер конкуренција, но и за сузбивање на сивата економија и спречување шверц на стока, потенцира Илијоска.

Средствата за поставување на вагата се обезбедени преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција – Република Северна Македонија „Преминуваме граници“.

Ова е прва дигитална вага како дел од процесот за целосна дигитализација и автоматизација на терминалите

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спречен шверц на змии на „Богородица“

А1он

ОЈО: Истрага за царинските измами со цигари – штетата на Буџетот е над 4 милиони евра

А1он

Унгарец на „Табановце“ се обиде да внесе непријавени 200.000 евра

А1он

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

Се бара притвор за приведениот помошник директор во Царинска управа, осомничен дека примил поткуп од 17.500 евра

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити