Комисијата за историски прашања даде препораки за заеднички чествувања на Цар Самоил, Светите Кирил и Методиј и Светите Климент и Наум со Бугарија, и препораки за измени во учебниците по историја.
-Пет препораки за учебници по историја се од нашата страна дека треба да има подобрување во бугарските учебнци. Исто така и бугарската страна сметаше дека треба да има во нашите учебници промени. Овие препораки треба да ги усвои Владата, а идните автори на учебници да ги земат во предвид овие препораки.
Препораките се однесуваат во однос на историската географија, како се претстваени одредени региони гаографски во учебниците, препораките воопшто не допираат до идентитеките прашања, повеќе се посветени да се избегне митилогизацијата на античкиот период .
Во однос на заедничките чествувања главни критериуми беа промоција на универзалните вредности, придонесот во христијанската култура и традиција на овие простори како и придонесот за сесловенската писменост, рече Драги Ѓоргиев од Комисијата за историски и образовни прашања.
Сспоред Ѓоргиев, оваа комисија по секоја цена не мора да донесе решенија за прашањата за кои има несогласувања помеѓу двете страни.
-Не беше кажано дека сме промениле нешто што не труело, туку се менуваат работи за кои има недоразбирање и кои може да придинесат за нарушување на односите меѓу двте држави и да се создаваат омраза и тензии. Комисијата работи на измени на тие места во учебниците по историја, рече Ѓоргиев.