(ВИДЕО) Цаневска-Арсовска: МРТВ е на народот, а не на политичарите

Од:

Ако некој се прашува што бара Катерина Цаневска Арсовска во Отпорот, пред МРТ, тогаш ќе кажам дека од мојата 8-ма година до 2008 јас работев овде и ако некој ја сака МРТ тоа сум јас.

МРТВ нема газда во ликот на Бранко Црвенковски, ниту во Никола Груевски, ниту во Жерновски и Герогиевски, газда на МРТ е народот и таа не треба да биде ничија партиска своина.

Долги години оваа куќа беше вистинска пералница на пари, кои завршуваа наместо за плати на вработените во партиски џебови. А новинари и монтажери и сниматели чекаа со месеци да земат пари.

„Рака на срце, MРТ секогаш била мета на политичките структири.Одамна почна пропаѓеањето, но но од пред неколку години почна погребувањето на МРТ“, рече Цаневска Арсовска.

Кој што се понадева дека новото раководство на МРТ ќе смени нешто се излажа, 500.000 евра за ненаков си екран и позадина, кои ги вложија ништо не сменија. Шминката паѓа, а гледаме никакви вести, не знаеме што се случува во нашиот и во другите градови.

Маската на МТВ падна на 24. декември, колегите од Јавниот сервис не видоа дека нивните колеги беа брутално исфрлени од Собраниската галерија. Од местото од каде што јас 20 години известував, за ова не објавија ни збор.

„Ако го премолчевме убиството на Мартин Нешковски, ако го премолчевме затворањето на А1 телевизија, и се пеавдавме дека гледаме „Кога лисјата паѓаат, дали сега молкот на многумина е поради Османче и Сулејман Величествениот“, рече Цаневска Арсовска.

Би можело да ве интересира

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија