Бузаку со асистенција од полицијата ќе се обиде да влезе во седиштето на ИВЗ

Од:

Самопрогласенот поглавар на ИВЗ, Скендер Бузаку, кој е назначен на оваа функција со решение од Судот, во изјава за „А1он“ вели дека нема да прави тензии и дека нема со насилство да ја преземе функцијата во ИВЗ туку тоа ќе прави по институционален пат.

Според Бузаку моментно објектот на ИВЗ е под окупација и рече дека денеска прво ќе побара асистенција од полицијата за да влезе на своето работно место, а истовремено ќе упати барање до Финансиската полиција да изврши проверка во работењето на ИВЗ и да ја утврди фактичката состојба.

Бузаки вели дека има решение од судот и дека е правосилно и објавено во Службен весник со што, како што рече, Реџепи практично нема право на жалба.

Бузаку за „А1он“ додава дека ништо не се решава со тензии и дека тој не е тука за да навредува некого туку да шири љубов и да ги сплотува луѓето и да ја извршува мисијата на ИВЗ.

Тој вели дека ИВЗ не смее да се меша политиката затоа што ИВЗ не е политичка партија туку верска заедница.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Новоназначен в.д. муфтија за Тетово пријавил во полиција дека бил попречуван да почне со работа

Тетовскиот муфтија обвини за незаконска смена од ИВЗ

ИВЗ е против законите за родова еднаквост и за матична евиденција

Катерина Ѓуровски

Извештај на Стејт департмент за верските слободи во Северна Македонија

Лидерите на петте верски заедници предлагаат повлекување на предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост

Ана Ололовска

ИВЗ имаше наредба верниците да ја сфатат сериозно вакцинацијата, поглаварот на ИВЗ Фетаху го поддржа вакцинирањето

Маја Илиевска-Пачемска