(ВИДЕО) Бузаку: Реџепи земал 700 илјади евра, исплаќајќи ги преку ИВЗ на приватна фирма

Од:

Скендер Бузаку кој тврди дека е избран за поглавар на ИВЗ, ги поднесе доказите кои според него покажуваат дека актуелниотн поглавар Сулејман Реџепи правел криминал користејќи ја верската заедница. Бузаку потенцираше дека документите покажуваат злоупотреба на средствата кои верниците ги донирале. Тој тврди дека Реџепи перел пари преку приватна фирма и така противправно земал 700 илјади евра од ИВЗ.

„Тој сторил кривично дело перење пари злоупотреба на службена должност. Осомноченото лице присвоил средства од 700 илјади евра уплатени оваа година. Има фактура од 2019 година, трансфер на средства и докази. Утврдената штета е 700 илјади евра. За престој во Саудиска Арабија, ИВЗ платило 650 илјади денари на приватна фирма. Таксата за престој е уврдена во износ од 510 евра и парите треба да се уплатат директно во Министерството за аџилак. А тие користеле приватна фирма која е регистрирана надвор од Македонија. Преку фирмата, тој ги перел парите”, тврди Бузаку.

Бузаку смета дека Реџепи е рекетар, односно дека тој перел пари. Според него, актуелниот реиз има направено и други кривични дела, кои ќе ги обзнани во наредниот период.

„За тврдењата дека јас правам рекет врз ИВЗ, може да се заклучи дека единствен рекетар е Реџепи. Очекувам Обвинителството да ги процесира кривичните пријави. За сите други дел, докази ќе бидат наредниот период”, рече Бузаку.

Би можело да ве интересира

Новоназначен в.д. муфтија за Тетово пријавил во полиција дека бил попречуван да почне со работа

Тетовскиот муфтија обвини за незаконска смена од ИВЗ

ИВЗ е против законите за родова еднаквост и за матична евиденција

Катерина Ѓуровски

Извештај на Стејт департмент за верските слободи во Северна Македонија

Лидерите на петте верски заедници предлагаат повлекување на предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост

Ана Ололовска

ИВЗ имаше наредба верниците да ја сфатат сериозно вакцинацијата, поглаварот на ИВЗ Фетаху го поддржа вакцинирањето

Маја Илиевска-Пачемска