Бузаку по изјавата на Реџепи дека е геј: Тој е стар човек и сам не знае што зборува

Од:

Формално-правниот поглавар на ИВЗ, Скендер Бузаку вели дека не се чуди на изјавата на актуелниот реиз Сулејман Реџепи кој рече „Со геј не се занимавам“. Бузаку тврди дека Реџепи е исплашен од органите за прогон, а неговите зборови ги оцени како навреда и говор на омраза.

„Господ вели дека го пратил пророкот да шири морални вредности. Ние верските лидери сме за тоа, да шириме љубов и разбирање. Во никаков случај да не изјавуваме навреди или говор на омраза. Не се чудам на изјавите, тоа го изјавува секогаш, бидејќи е стар човек и сам не знае што зборува. Во недостиг на аргументи, тој навредува. Тоа се ниски и банални зборови. Ние борбата ќе ја водиме институционално. Ние не се заканувавме. Ние имаме сознанија дека тој сторил кривични дела“, вели Бузаку во изјава за „А1он“.

Бузаку вели дека од доказите кои ги поседува се гледа дека Реџепи ги злоупотребувал средствата на ИВЗ, кои граѓаните ги донирале. Списите кои ги поседува, утре ќе ги предаде на обвинителството, а потоа ќе ја запознае и јавноста со како што вели, криминалните дејствија кои ги правел Реџепи.

Би можело да ве интересира

Новоназначен в.д. муфтија за Тетово пријавил во полиција дека бил попречуван да почне со работа

Тетовскиот муфтија обвини за незаконска смена од ИВЗ

ИВЗ е против законите за родова еднаквост и за матична евиденција

Катерина Ѓуровски

Извештај на Стејт департмент за верските слободи во Северна Македонија

Лидерите на петте верски заедници предлагаат повлекување на предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост

Ана Ололовска

ИВЗ имаше наредба верниците да ја сфатат сериозно вакцинацијата, поглаварот на ИВЗ Фетаху го поддржа вакцинирањето

Маја Илиевска-Пачемска