Бузаку најавува институционална борба за преземање на лидерството во ИВЗ

Од:

Новиот поглавар на Исламската верска заедница Скендер Бузаку, кој е назначен на оваа функција од судот, изјави дека не сака да создава немири, физички судири и најави дека сите постапки ќе ги водат по институционален пат, а потоа ќе ја преземе функцијата.

Бузаку изјави дека немаат пристап во седиштето на ИВЗ бидејќи неговиот претходник Сулејман Реџепи ја узурпирал институцијата.

– Ако не ги напушти просториите, ние ќе одиме по судски пат, по пат на извршители, и со асистенција на полицијата, рече Бузаку.

Тој беше дециден дека согласно решението на судот, што вчера излезе во „Службен весник“, Реџепи веќе не е реис ул улема.

– Денес не сме во просториите затоа што не сакаме судири таму. Ние се тераме законски. Работата ќе ја расчистиме со судски решенија. Решението од вчера веќе е излезено во „Службен весник“ и е правосилно. Пративме допис до финансиската полиција да оди таму и да види како било работено во претходните години, бидејќи постојат сериозни сознанија дека Реџепи ја злоупотребувал својата службена положба на штета на ИВЗ и на верниците, така што ние работите ќе ги туркаме институционално.

Не сме луѓе што сакаат и создаваат немири и нема да користиме речникот што Реџепи го користи. Институцијата не се држи преку канцеларии, преку заложништво, туку сакаме се да оди законски и верувам дека секоја работа ќе биде кристално чиста, рече Бузакау.

Додаде дека вчера влегле во ИВЗ и добро биле пречекани од вработените.

– Ние вчера вечер бевме физички нападнати од група што беше пратена од страна на досегашниот поглавар, во самиот објект на ИВЗ, и групата е идентификувана од страна на МВР, рече Бузакау.

Потсети на решението што е излезено во „Службен весник“ и рече дека изготвиле допис и до финансиската полиција да влезе внатре. Освен тоа, како што рече, ќе направиме и тужба за времена мерка така што мислам дека брзо ќе се расчисти случајот и ќе се направат сите работи како што треба, но без насилство.

Според него, оваа ситуација негативно влијае кај верниците.

– Тој многу години институцијата ја држи во заложништво. Ние ќе апелираме на соживот, разбирање, и без политика внатре во институцијата. Ќе се придржуваме само на тоа за што сме именувани и за што служиме. Значи, служиме само за љубов, служиме само за вера, служиме да ги обединиме луѓето и никогаш нашите чекори нема да бидат политички во никоја смисла, бидејќи ние не сме политички лидери. Ние сме верски лидери и ќе проповедуваме само добри работи, потенцира Бузаку.

Би можело да ве интересира

Новоназначен в.д. муфтија за Тетово пријавил во полиција дека бил попречуван да почне со работа

Тетовскиот муфтија обвини за незаконска смена од ИВЗ

ИВЗ е против законите за родова еднаквост и за матична евиденција

Катерина Ѓуровски

Извештај на Стејт департмент за верските слободи во Северна Македонија

Лидерите на петте верски заедници предлагаат повлекување на предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост

Ана Ололовска

ИВЗ имаше наредба верниците да ја сфатат сериозно вакцинацијата, поглаварот на ИВЗ Фетаху го поддржа вакцинирањето

Маја Илиевска-Пачемска