Бушати: Имаше договор со Груевски, но беше одбиен од причини кои немаат врска со Тирана и Рама

Од:

Албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати кој престојува во Вашингтон, негира дека постоела тиранска платформа и дека Албанија се меша во внатрешните работи на Македонија.

Бушати кој беше гостин на Германскиот-Маршалов Фонд, вели дека погрешно е платформата да се нарекува тиранска. Споре него, Албанија не се мешала, туку пријателски советувала, пренесе МТВ.

– Не е прецизно да се каже дека има тиранска платформа. Нема тиранска платформа. Има платформа на албански политички партии за која се дискутираше со Груевски и со Заев. Имаше договор со Груевски што потоа беше одбиен од причини што немаат врска со Албанија, Тирана или премирот Рама. Никогаш не сме се мешале во домашните работи во Македонија и многу сме внимателни при советувањето на пријателски начин, исто така на нашите пријатели во Македонија на начин да не се одговори на провокациите што доаѓаат од улица, истакна шефот на албанската дипломатија.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Загрозени сме од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, ќе ја браниме нашата територија

Катерина Ѓуровски

Албанска актерка ја тужи Владата во Тирана за кражба на нејзиното лице и глас за создавање „виртуелна министерка“

А1он

Поплави во Албанија, загина комунален работник

А1он

Спиропали: Заедничката иднина на Македонија и Албанија e во ЕУ

Горан Наумовски

ВИДЕО: Хаос во албанскиот парламент, пратениците се тепаа, летаа чадни бомби и шишиња

Катерина Ѓуровски

Голема антитерористичка акција во Албанија, опколено е цело село од бројни полициски сили