Бушати: Албанците кои живеат во Македонија да дадат поддршка на историскиот Преспански договор

Од:

Договорот меѓу Македонија и Грција има исклучително значење за демократската стабилност во регионот и за нашата заедничка евроатлантска перспектива. Затоа апелирам на сите граѓани на вашата земја, особено на Албанците кои живеат тука да дадат поддршка на историскиот Преспански договор, изјави денеска шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати на прес-конференцијата со неговиот македонски колега Никола Димитров.

– Сите се согласуваме дека Албанците кои живеат во Македонија ќе бидат огромни поддржувачи на процесите кои течат и уште еднаш сакам да апелирам да излезат масовно да учествуаат во изградбата на иднината и на подобар живот тука. Во оваа насока ќе продолжиме блиско да соработуваме со цел да создадеме што подобра и поинклузивна средина, рече Бушати.

Во однос на македонското малцинство во Албанија, Бушати рече дека се направени чекори напред со новиот Закон за малцинствата, со што, истакна тој, македонското малцинство е признаено како едно од малцинствата што составуваат поширок мозаик на малцинства во Албанија.

– Имаме воспоставено и соработка со општината Пустец, која е раководена од припадник на македонската заедница, со средбата која што беше меѓу премиерите во Пустец, состанокот меѓу двете Влади – сето тоа се позитивни чекори во оваа насока. Ова не се процеси кои може преку ноќ да се реализираат, но сепак од извонредно значење е насоката да биде вистинска и позитивна, оцени тој.

Во однос на положбата на Албанците во Македонија, Бушати рече оти тука има подобрена реалност, подобрена клима на соработка и на разбирање и подобра претставеност на Албанците, пред се, како што рече, преку позицијата претседател на Собранието и вицепремиер за европски прашања. Додаде оти очекува Законот за јазици што побрзо да стапи во сила.

– Пред нашите две земји се отвораат многу значајни хоризонти на соработка. Денес имаме многу посеопфатна инклузивна атмосфера, подобри меѓуетнички односи, го донесовте Законот за употреба на јазиците што овозможува на сите да се чувствуваат слободни граѓани со еднакви обврски и права, додаде Бушати.

Ја повтори поддршката што Албанија како членка на НАТО и ја дава на Македонија, и оти 2019 е многу значајна година за Македонија и ЕУ.

Рече оти со Димитров разговарале и унапредување на Преспанскиот регион, и оти заеднички со Грција работат на ревитализација на животот на пограничното население, како знак на пријателство меѓу соседските земји.

Шефот на дипломатијата Димитров од своја страна посочи дека Македонија и Албанија сакаат заедничка европска иднина, и оти за Тирана е значајно Македонија да тргне напред во евроинтегративните процеси.

Истакна дека со Бушати разговарале за следната заедничка седница меѓу владите на Албанија и на Македонија, за инфраструктурното поврзување преку Коридорот 8…

Би можело да ве интересира

На „Ќафасан“ уапсен кичевец осуден на 20 години затвор за трговија со дрога во Швајцарија

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски