Булеварите и улиците во централното градско подрачје се подновуваат со нов асфалт

Од:

Со засилено темпо продолжува акцијата за разубавување и поголема безбедност во сообраќајот во централното градско подрачје на Струмица. Со комплетна механизација денеска се гребе стариот слој асфалт на булеварот „Ленинова“ до семафорите пред „Глобал“ и од семафорите, градежниот зафат продолжува по десната страна на булеварот „Маршал Тито“, на кружниот тек, улицата „Балканска“ се до улицата „Дрварска“.

По отстранувањето на стариот, ќе биде поставен нов слој асфалт на вкупна површина од 8.200 метри квадратни, од кои 1.800 метри квадратни се на булеварот „Ленинова“ пред основниот суд, а останатите 6.400 метри квадратни, од семафорите пред „Глобал“ до улицата „Дрварска“.

Овој градежен зафат е целосно финансиран со средства обезбедени од буџетот на општина Струмица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите