Бујар Османи во работна посета на Брисел, на средби со Могерини и Хан

Од:

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, од утре ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел.

Во текот на посетата, Вицепремиерот Османи ќе оствари средби со Потпретседателката на Европската Комисија и Високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, како и со Еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан. На средбите ќе се разговара за новите можности на евроинтегративните процеси на Република Македонија, кредибилноста на процесот на проширување на Унијата, а ќе бидат отворени и темите за регионалните предизвици во контекст на соработката на земјите од Западен Балкан.

Во рамките на посетата на Брисел, Вицепремиерот Османи ќе учествува и на работниот појадок на министрите за надворешни работи на земјите- членки на ЕУ, организиран под покровителство на постојаните претставници на Шведска и Бугарија во ЕУ, каде заедно со Министерот за надворешни Димитров ќе реферираат за напредокот на Македонија во спроведувањето на реформите за европска интеграција, како и за останатите активности во насока на европските амбиции на земјата.

Вицепремиерот Османи ќе има и свое обраќање пред независниот тинк тенк институт, Европски центар за политика (EPC), на тема, „Планот 3-6-9: понатамошно унапредување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ“ (Plan 3-6-9: Further advancement of the Macedonian EU integration process), а ќе оствари средба и со Директорката за Западен Балкан во ГД НЕАР, Геновева Руиз Калавера.

Би можело да ве интересира

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

Османи: Интеграцијата во НАТО и ЕУ како најдобар одговор на руските империјални амбиции

ДУИ официјално го промовира Османи како кандидат за претседател

А1он

Средба Османи – Кулеба: Европската Унија е наша заедничка иднина

Горан Наумовски

Османи од Советот на безбедност на ОН: Правдата и одговорноста мора да надвладеат

Горан Наумовски