Бујар Османи ќе учествува на конгрес во Виена

Од:

Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи, од утре ќе престојува во дводневна работна посета на Република Австрија.

Во рамки на посетата тој ќе учествува на една од најпрестижните конференции во Европа, „Виена Конгрес КОМ – СУЛТ 2018“ (Vienna Congress com – sult 2018), на која под насловот „Стратегија за иднината на Европа“, најмногу ќе биде фокусирана на развојот на настаните на Западниот Балкан, како и европските перспективи на земјите од регионот. Вицепремиерот Османи ќе го има воведниот збор на првиот панел „Go West, Western Balkan!“, а ќе учествува како панелист и на останатите предвидени панели на конференцијата.

Во рамките на посетата, Вицепремиерот Османи ќе оствари средба и со Сојузниот Министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Австрија, Карин Кнеисл. Фокусот на оваа средба ќе биде насочен кон евроинтегративниот процес на нашата земја, т.е. имплементацијата на реформите од Планот 3-6-9, отстранувањето на политичките пречки на евроинтегративниот пат, како и сите останати активности на Владата во пресрет на Стратегијата за Проширување на ЕК и нашите очекувања од неа.

Би можело да ве интересира

Бројни полициски сили во центарот на Грац, според австриските медиуми станува збор за закана со бомба

Горан Наумовски

Хорор во Австрија – мајка ја прегази својата едногодишна ќерка

А1он

Еден убиен и еден тешко ранет во ресторан во Виена – напаѓачите се во бегство

А1он

Кнајсл: Австрија секојдневно ја нарушува својата неутралност со соработката со НАТО

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија

Османи: Мицкоски е албанофоб, ги мрази Албанците и сака да ги тргне од институциите