Бугарското МНР по вербалната нота на Османи: Говорот на омраза, посебно оној кон Бугарите во Македонија е неприфатлив

Од:

Бугарското министерство за надворешни работи одговори на вербалната нота на македонскиот министер Бујар Османи која ја испрати по говорот на омраза и навредите кои ги искажа европратеникот Ангел Џамбаски.

Во одговорот официјална Софија вели дека говорот на Џамбаски не е став на бугарската држава, изјавите со кои се навредува другата страна се неприфатливи, но посебно изјавите кои доаѓаат кон Бугарите кои живеат во Македонија.

„Бугарија отсекогаш се стремела да ги зајакне и продлабочи пријателството и добрососедските односи со Северна Македонија. Бугарската држава во изминатите години вложи многу труд во реализацијата на оваа цел.

Во оваа насока, МНР повторува дека се апсолутно неприфатливи какви било јавни изјави со кои се навредува или провоцира другата страна. Тие не го претставуваат официјалниот став на бугарската држава и обидите да се претстават како такви се неточни и знак на лоша волја. Независно од бројните провокации против Бугарија и особено кон Бугарите во Северна Македонија во последните месеци, таквиот говор го сметаме за неприфатлив и крајно контрапродуктивен.

Ваквите изјави не се во интерес на Бугарите во Северна Македонија. Тие го одвлекуваат вниманието на јавноста од правичниот и легитимен стремеж на бугарската заедница за еднакви граѓански права, особено за слободно здружување и одбрана на нивното културно и историско наследство.

Во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година, ги повикуваме политичарите и јавните личности од двете страни на границата да ги насочат своите напори и пораки за поддршка на процесот на враќање на довербата и воспоставување добрососедски односи“, соопштија од бугарското МНР.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив кој е во корист на трета страна спротивставен со интереси и на ЕУ и на НАТО

Катерина Ѓуровски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски