Бугарското МНР го осуди сквернавењето на бугарската химна на фудбалскиот натпревар: Ваквите настани засекогаш да станат минато

Од:

Бугарското Министерство за надворешни работи го осуди јавното сквернавење на бугарската химна на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Бугарија и С. Македонија во Скопје.

„Говорот на омраза против Бугарија и Бугарите од трибините на националниот стадион во Скопје претставува недвосмислено негирање на основните вредности на современите демократски општества и јасно е во спротивност со европските принципи и норми на однесување.

Ја забележуваме реакцијата на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, со која се осудува говорот на омраза за време на фудбалскиот натпревар. Истовремено, повикуваме на решителни и неповратни чекори на официјалните власти во Скопје за искоренување на антибугарската агресија на јавниот простор на државата“, се вели во соопштението на бугарското Министерство за надворешни работи.

„Потсетуваме дека со Договорот од 2017 година и билатералните протоколи потпишани во 2019 и 2022 година, двете земји категорично се залагаат за преземање ефективни мерки против говорот на омраза.

Зачувувањето на напредокот постигнат во последните месеци во политичкиот дијалог бара ваквите настани засекогаш да станат минато. Само во овој дух двете земји ќе можат да отворат нова страница во односите, засновани на меѓусебно почитување и добрососедство“, се додава во соопштението на бугарското МНР.

Би можело да ве интересира

МНР: Неаргументирани коментари не се европски, потребна е почит кон Македонија

Горан Наумовски

Бугарија го оспорува Акцискиот план за малцинства затоа што бил на македонски јазик, вели Мицкоски

Мицкоски повтори дека нема намера да го менува Уставот без гаранции од Европската унија

Вајц се надева дека земјава по локалните избори ќе ги направи уставните измени за внесување на Бугарите

Изјавите на словачкиот претседател за Македонија ја налутија Софија

Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите

Катерина Ѓуровски