Бугарско-македонската комора апелира до Заев и Јанев за надминување на политичката криза и економско поврзување

Од:

Бугарско-македонската трговско-индустриска комора упати Декларација до премиерите на Северна Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Стефан Јанев во која се изразува загриженост од „негативното влијание врз деловната клима и трговските односи меѓу двете братски држави“ и се апелира за надминување на политичката криза и економско поврзување.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, кој имаше увид во содржината на документот, според Комората, во изминатите 50 месеци од потпишувањето на Договорот за пријателство и соработка на 2 август 2018 година, „не е имплементирана ниту една од предложените мерките во Белата книга и на Тркалезната маса“.

– Бугарските и македонските граѓани и натаму плаќаат најскап роаминг во регионот, поминуваат низ двојна гранична и царинска контрола, не можат да користат даночни олеснувања при напуштање на соседна земја и нема ниту еден прекуграничен инфраструктурен проект, се наведува во Декларацијата.

Според Комората, меѓу Бугарија и Северна Македонија не постои ниту транспортно, дигитално или инфраструктурно поврзување, а наместо тоа има конфронтација, административни бариери, непријателство и недостиг на перспективи за разбирање и соработка.

Во Декларацијата се повикуваат владите на двете земји да ја надминат политичката криза и да се заложат за економско поврзување со цел „формирање на заеднички европски дом на Балканот, за бизнис без граници, за културно поврзување и разбирање“.

Би можело да ве интересира

Ковачевски за средбата со Заев и Ахмети: Зборувавме за настапот на партиите на изборите и за членството во ЕУ

Александар Тодески

Ковачевски за писмото на Заев: Во демократија секој има право на став

Блиски луѓе на Заев ќе работат за фирма на белоруски конзул во Македонија: Кој ќе копа јаловина во РЕК Битола за 25 милиони евра

Орце Костов

Ципрас во Струмица на гости кај Заев

Заев: Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Преспанскиот договор кој се однесува на патоказите

Груби: Ќе има Албанец премиер, договорија Ахмети и Заев, потврди и Ковачевски

Катерина Ѓуровски