Претепаниот секретар на клубот „Цар Борис Трети“ од Охрид е пренесен на лекување во Софија

Од:

Владиниот авион „Фалкон“ со екипа од Воената академија во Бугарија го превезе Христијан Пендиков, соопшти прес-службата на бугарскиот Министерски совет.

По наредба на премиерот Галаб Донев, беше организиран транспорт на Пендиков во Бугарија, кој синоќа беше нападнат и претепан во градот Охрид.

„Владиниот авион „Фалкон“ со екипа од Воено-медицинската академија – двајца лекари и медицинска сестра за реанимација, го превезе Пендиков од Охрид во Софија. Повредениот Кристијан ќе биде примен на Медицинската академија каде ќе ја добие потребната терапија“, известуваат бугарските медиуми.

Неговата состојба е сериозна и му претстои операција, информира тој самиот за БНТ.

Дваесет и едногодишниот Бугарин од Охрид, Христијан Пендиков кој е секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, синоќа, околу 21 часот, бил претепан од три лица пред угостителски објект во центарот на градот.

Тројцата охриѓани осмничени дека го претепале се приведени, извести Министерството за внатрешни работи, од каде велат дека ќе бидат поднесени кривични пријави.

Би можело да ве интересира

И името Цар Борис III пред бришење: Бугарскиот клуб доби негативно мислење од комисијата

Ана Ололовска

Комисијата за употреба на историските имиња утре ќе има седница за бугарскиот клуб „Цар Борис III“

Ана Ололовска

Централен регистар: Барањето на здружението „Цар Борис Трети“ одбиено поради недоставување на бараните документи во законскиот рок

Ана Ололовска

Истекува рокот за преименување на бугарските клубови

Катерина Ѓуровски

Здружението „Цар Борис Трети“ поднело барање за промена на името

Натепаниот Бугарин го менувал исказот: Прво кажал дека го натепале тројца, а потоа дека е натепан од едно лице

Кристијан Ландов