Бугарски „Труд“ ја брани Арсовска: Бугарка вербално линчувана во Скопје

Од:

Бугарскиот весник „Труд“ во денешното издание во текст со наслов „Бугарка вербално линчувана во Скопје“ ја брани Данела Арсовска, независната кандидатка за градоначалничка на Скопје, поддржана од ВМРО – ДПМНЕ откако вчера СДСМ објави документи дека има бугарско државјанство.

„Дали е лошо да си Бугарин во Македонија? Од тонот и сугестиите на официјалната прес-конференција на владејачката партија СДСМ на Зоран Заев во Северна Македонија, тоа е лоша работа“, стои во објавата на „Труд“ заедно со известувањето дека пратеничката на СДСМ Славјанка Петрова открила голема “тајна“ – дека главната претендентка за градоначалничката фотелја во Скопје, Данела Арсовска, има бугарско државјанство.

„На огромен екран зад говорницата на Петровска беше прикажан Указ за бугарско државјанство, но не на Данела Арсовска, туку на Даниела Арсовска. Дали е ова Указ за бугарско државјанство на дотичната жена, овде не станува збор. Исто така, не станува збор за тоа дека бугарското државјанство се добива со документ за бугарско потекло и, ако Данела Арсовска и Даниела Арсовска се исто лице, тоа значи дека тоа лице доставило документи за своите предци дека на времето се декларирале како Бугари“, објави бугарски „Труд“.

Весникот ја коментира прес – конференцијата на Петровска за која вели дека со растреперен глас, за медиумите кажала страшна и безобразна тајна, дека Данела Арсовска, „десет години имала резервна татковина!“, а како „страшен“ го наведува и фактот од биографијата на Арсовска дека е пврзана со друга земја на ЕУ како почесен конзул на Унгарија.

„Труд“ го цитира Виктор Стојанов, претседателот на фондацијата „Македонија“ кој вели дека во Македонија различни граѓани имаат владини функции, вклучително и Срби, но во Северна Македонија никогаш не било доведено во прашање дека Србите бранат „странски интереси“.

„Ова не може ни да им помине низ умот. Идеологијата од времето на комунистичка Југославија, дека Србите се наши браќа, а Бугарите наши непријатели, останува до денес“, изјавил Стојанов за „Труд“.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Нема да поминат заканите за тужба, да се одговори кога е осигуран објектот на Универзална сала

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов

Арсовска: Зошто Костадиновска-Стојчевска не го пријавила пожарот ако знаела за него пред девет часот

Орце Костов

Се чекаат кандидатите за пратеници на Данела Арсовска: На изборите ќе се гласа за пет коалиции и две партии

Орце Костов

Арсовска постави нов директор на Водовод и канализација

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК