Бугарски интелектуалци со поддршка за евроинтеграцијата на Македонија

Од:

Десетина бугарски интелектуалци и политичари потпишаа писмо со кое бараат Софија да го поддржи почнувањето на преговорите со Македонија за членство во ЕУ. Писмото, како што пренесува бугарски БГНЕС, е испратено до претседателот на Бугарија Росен Плевнелиев, до премиерот Пламен Орешарски и до претседателот на Народното собрание Михаил Миков.

Меѓу потпишаните се професорите Андреј Пантев, Николај Слатински, Христофор Цавела, Костадин Филипов, Иван Александров Биљарски и повеќе други истакнати личности од општествениот живот во Бугарија.

– Имајќи го предвид историскиот момент за развој на Балканот како рамноправен дел од ЕУ, сметаме дека Бугарија носи огромна одговорност за мирот, безбедноста, развојот и перспективите на регионот. Категорично бараме Бугарија како суверена држава членка на ЕУ да ја поддржи Република Македонија за почеток на преговорите за пристапување кон заедничкото европско семејство, се наведува во писмото.

Преговарачкиот процес, како што посочуваат потписниците, е моќен инструмент за прифаќање на европските принципи и норми во насока на демократизирање на земјите кандидати. Неприфатливи се, велат, тенденциите и процесите кои не се во насока за посакуваната блискост меѓу двете држави, но според нив, потпишувањето на Договор за добрососедство на што инсистира Софија и останатите проблеми, можат и треба да се решат во текот на преговорите и не треба да ја спречуваат Македонија во процесот на пристапување кон ЕУ.

– Поддршката за Македонија е поддршка за демократизација на целиот регион. Бугарското НЕ за отворање на преговорите со Македонија за членство во ЕУ е катастрофално за националните интереси на Бугарија. Ново НЕ за преговори е ДА за враќањето на регионот во времето пред 100 години кога Балканот беше буре барут на Европа, а Македонија јаболко на раздорот. НЕ на Република Македонија е ДА на воскреснувањето на ретроградните балкански национализми и шовинизми (Macedonia is Greek), кои немаат ништо заедничко со востановените цивилизациски принципи и норми во ЕУ.

– НE за Република Македонија е ДА на апертхејдот кон Бугарите кои живеат на територијата на Балканскиот Полуостров. НЕ на Република Македонија е ДА за положба на Балканот како второстепен регион во ЕУ. Последици кои се во интерес на секоја друга држава, но НЕ и на Бугарија. ДА за Република Македонија е ДА за Бугарија, на нашето нацинално достоинство, гордост и самопочит. ДА за Македонија е ДА за нашата национална безбедност и територијална целовитост. ДА за Македонија е ДА за нова европска Бугарија, за европеизација на Балканот, а НЕ за балканизирањето на Европа. Поддршката за Македонија за почеток на преговорите е европска, бугарска, национално одговорна позиција на Бугарија, се наведува во писмото од бугарските интелектуалци и политичари.

Би можело да ве интересира

Радев ја отфрла поканата на Макрон: Бугарија нема да се приклучи на „Коалиција на подготвените“

Србин убиен во Бугарија – неговото тело е пронајдено покрај камион

А1он

Нов бран закани со бомби низ цела Бугарија, евакуирани се судовите и јавните институции

Баба и дедо се удавија во реката Струма во обид да ги спасат внуците – потрагата по двете деца сè уште трае

А1он

Откриено е што предизвикало авионот на пат кон Тел Авив да го активира сигналот за киднапирање: Пилотот направил неразбирлива грешка

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ќе ја распродава Македонија на рати оти мисли дека така ќе си купи премиерска фотелја