Бугарска делегација предводена од премиерот Петков на 18 јануари во Скопје

Од:

Министерството за надворешни работи утрово соопшти дека висока делегација од Република Бугарија предводена од премиерот Кирил Петков на 18 јануари ќе ја посети земјава.

Во придружба на бугарскиот премиер, како што соопшти МНР, ќе бидат и министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска, како и министерот за транспорт и врски, Николај Сабев.

-Посетата е планирано да се реализира веднаш по стапувањето во функција на новата Влада на Република Северна Македонија, со што двете држави сведочат за важноста која ја придаваат на меѓусебните односи и соработка. На средбите се очекува да се реафирмираат досегашните резултати и постигнат напредок, како и да се воспостави дополнителна интензивна комуникација во насока на надминување на разликите за важни билатерални прашања меѓу двете земји, наведува МНР.

Во фокусот на разговорите, според Министерството, ќе бидат доследната имплементација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан меѓу двете земји во август 2017 година, како и продолжувањето на напорите за исчекор во обидите да се обезбеди поддршка за почеток на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Бугарија не учествува во никакви консултации за повторно преговарање за обврските на Македонија, вели Петрова

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Мицкоски очекува „коњопој средба“ во Софија

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фон дер Лајен му рекла на Мицкоски да закаже разговор во Софија, Македонија ќе добие патокази кога ќе се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски

Софија одговори на идејата ЕУ да биде вклучена во разговорите со Македонија, потсетува дека обврските остануваат

Фрустрацијата кај македонските граѓани е огромна, отстапките се преголеми, но остануваме на е вропскиот пат, вели Мицкоски од Њујорк