Бугарија: Украдениот монитор од Културниот центар во Скопје е напад на бугарската држава

Од:

Ноќта меѓу 15 и 16 март 2023 година непознати лица упаднале во зградата на Културно-информативниот центар на Република Бугарија во Скопје и одзеле монитор од компјутер од просторијата која беше отворена на 25 ноември 2022 година.

Министерството за внатрешни работи го потврди инцидентот.

„Денеска (16.03.2023) во СВР Скопје е пријавено дека во текот на ноќта со употреба на сила било влезено во два угостителски објекта и во објект на Културно-информативен центар на Република Бугарија, на подрачјето на Центар во Скопје, при што од угостителските објекти биле одземени пари, а од Центарот е одземен еден монитор од компјутер. Увид извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Бугарското министерство за надворешни работи смета дека кражбата на монитор од компјутер е напад на самата бугарска држава, а директорката на дирекцијата за Југоисточна Европа, Вања Андреева ја повикала македонската амбасадорка во Софија, Ангеса Руси-Поповска за да и изрази загриженост затоа што делото се одвивало во контекст на тековна антибугарска кампања.

„Без разлика на мотивацијата на сторителите, делото е напад врз самата бугарска држава. Потсетуваме дека со билатералниот договор за отворање на Културно-информативните центри од 2003 година, двете земји се обврзаа да гарантираат нормално функционирање на културно-информативните центри во двата главни града.

Директорката на дирекцијата „Југоисточна Европа“, г-ѓа Вања Андреева, на денешната средба во Министерството за надворешни работи, на амбасадорката на Република Северна Македонија, Агнеза Руси-Поповска и изрази сериозна загриженост поради тоа што ова кривично дело се одвива во контекст на тековната антибугарска кампања во Северна Македонија, вклучително и серија напади врз организации на локални Бугари, за кои сè уште нема ефективна правда и казна.

Таа го истакна очекувањето на бугарската држава институциите на Северна Македонија не само да ги идентификуваат сторителите на ова злосторство, туку и јасно да покажат дека ваквите напади врз претставништвата на Бугарија се апсолутно неприфатливи и ќе бидат кривично гонети со сета строгост на законот.

Од особена важност е да не се дозволи сторителите на ваквите дела да одржуваат чувство на неказнивост, за што се важни и ефективно спроведување на правдата и јавниот наратив создаден од политичарите“, соопшти бугарското министерство за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Наследниците на писателот Талев: Бугарија да ја спаси куќата во Прилеп од која не избрка Сашо Мијалков

Орце Костов

Бугарско МНР: Македонија еднострано ги толкува историските настани, името на Иван Михајлов не е закана

Орце Костов

Ангелов: Да се префрла несразмена вина на Бугарија за депортацијата на Евреите е несериозно

Ана Ололовска

Фрчкоски: Важно е што во извештаите на ОН постои македонско малцинство во Бугарија

Ана Ололовска

Гир: Потребни се напори и од Скопје и од Софија за развивање на добрососедските односи

Горан Наумовски

МНР: Престојот на Јотова беше најавен по дипломатски пат, не беа побарани средби

Ана Ололовска