Бугарија незадоволна од пресудата за бродската несреќа

Од:

Бугарскиот амбасадор во Македонија, Иван Петков изрази незадоволство од пресудата за бродската несреќа кога пред точно три години во водите на Охридското езеро, загинаа 15 бугарски туристи.

„Кај нас има големо разочарување и мислење дека пресудите се многу мали за едно вакво дело. Понатаму какви мерки ќе бидат преземени за расчистување на проблемот и постигнување на решение кое ќе биде во сооднос со тежината и сериозноста не делото не можам да кажам бидејќи јас сум дипломат, а тоа е работа на судиите. Но во интерес на Охрид кој е еден прекрасен град, кој е привлечна дестинација за илјадници туристи помеѓу кои и туристи од Бугарија кон овој случај треба да има посериозен пристап, со што ќе се гарантира дека таква трагедија повеќе нема да се случува“, вели Петков.

Со по една година казна затвор, Основниот суд во Охрид ги осуди капетанот на Илинден, Сотир Филевски и Бранко Баиќ, претставник на Германската осигурителна компанија Лојд, која вршеше технички преглед на бродот.

По повод 3 години од бродската несреќа, во Охрид беше положено свежо цвеќе пред спомен плочата на загинатите туристи кај градскиот кеј во Охрид,и комеморативна средба. Во Охрид не дојде ниту еден член од семејствата на загинатитие туристи.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Георгиевски: Во Илинден ќе се отвори полициска станица за безбедна и мирна животна средина за сите граѓани

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата