Бугарија: Коридорот 8 е наш национален приоритет

Од:

Коридорот 8 е национален приоритет за Бугарија информира бугарското Министерство за транспорт и врски и нагласува дека „не ја одложило изградбата на пругата кон Република Северна Македонија“.

Тврдењето дека Бугарија ја одложила модернизацијата на бугарскиот дел, министерството за БТА го оценува како медиумска шпекулација.

– Министерството за транспорт и врски со години прави напори за развој на Коридорот 8, кој го поврзува Јадранското Море со Црното Море преку Албанија, Република Северна Македонија и Бугарија. Од вкупно 1220 километри железница, повеќе од половина од нејзината должина – 747 километри, е на територијата на Република Бугарија. Од нив останува да се изградат само 2,5 километри железничка пруга – од Ѓуешево до Деве Баир (границата со Република Северна Македонија). Делот е финансиран во рамките на Програмата за транспортна поврзаност 2021 – 2027 година и ќе биде завршен согласно распоредот до 2029 година. За споредба, делницата што недостасува на територијата на РСМ е приближно 70 километри, соопшти Министерството, пренесува БТА.

Според бугарското Министерство, железничката линија Радомир – Ѓуешево е во функција и по завршувањето на делницата од Ѓуешево до Деве Баир во должина од 2,5 километри, преку прекуграничен тунел ќе може да се приклучи на мрежата на операторот на Република Северна Македонија.

-На 15 јануари 2025 г. согласно утврдената процедура, Бугарија ѝ предаде на Република Северна Македонија нацрт-договор за прекуграничен железнички тунел со Република Северна Македонија, во кој се претпоставува дека страните имаат заедничка цел – изградба на прекуграничен железнички тунел меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија во граничната област, вклучително и преку спроведување на јавна набавка за изградба и надзор на изградбата на тунелот од страна на една од договорните страни и напорите за обезбедување грант помош за негова изградба, бидејќи изградениот објект треба да ги исполнува барањата на ЕУ и НАТО за ваков тип на инфраструктура. До денес нема официјален одговор од РСМ, наведуваат во својот став од бугарското Министерство.

Министерот за транспорт и врски Александар Ниоловски, денеска одлуката на бугарската Влада средствата за реконструкција на делот од Софија до Перник и од Перник до Радомир да ги пренасочат за изградба на пруга од Софија до Бургас, ја оцени како политичка порака во однос на нивната посветеност, односно непосветеност, на изградбата на железничкиот Коридор 8.

– Испратени се писма до Европската делегација, до Европската транспортна заедница, но исто така и до двете банки Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој, откако вчера бугарската Влада информираше дека нема предвидено средства за железничката пруга, која треба да ги поврзи Софија-Скопје преку железничкиот Коридор 8, изјави Николоски.

Нашата држава, рече тој, останува силно посветена на изградба на Железничкиот Коридор 8. Во овој момент активно се работи на втората секција, во должина од 34 километри, којашто оди од Бељаковце до градот Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за односите со Бугарија: За танго се потребни двајца

Горан Наумовски

Рокас: Има интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија

Горан Наумовски

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он