А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Бугарија ќе ја поддржи Грција во блокадата на Македонија

by А1он17/06/2013 - 13:37172
Share0

На последните состаноци на дипломатите од Постојаните мисии на земјите-членки на ЕУ во Брисел, како и на состаноците на КОРЕПЕР-групата (амбасадори на земјите-членки при Унијата), претставниците на Бугарија ставиле јасно до знаење дека доколку до последниот состанок на Советот за општи работи (кој се одржува два дена пред Самитот на ЕС закажан за 27 јуни), не биде потпишан договорот за добрососедство, тогаш Софија ќе ја поддржи Грција во блокада на Македонија, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Добивај вести на вибер

Иако никој од амбасадите на споменатите земји не сака да коментира, сепак според информациите од досегашните расправии на КОВЕБ и КОРЕПЕР, бугарскиот амбасадор Димитар Цанчев и дипломатите од оваа земја ставиле јасно до знаење дека тие ќе се согласат да и се даде „зелено светло“ на Македонија да ги започне пристапните преговори само ако до Самитот се потпише договорот. Една од работите, пак, на која е запнато во преговорите на техничко ниво меѓу претставници на македонското и бугарското министерство за надворешни работи е барањето Бугарите, како наводно малцинство кај нас, да влезат во преамбулата на Уставот. Во овој дел, Бугарија има силна поддршка и од Хрватска, која од 1 јули оваа година станува полниправна членка на ЕУ, со оглед на тоа што и Хрватите не се застапени како малцинство, а на тоа инсистира и оваа поранешна југословенска држава.

Она што досега е непознато е ставот на Грција чии дипломати мудро молчат на состаноците на работните групи во Советот на Унијата. До вторник, 25 јуни и состанокот на Советот за општи работи (ГАК) во Луксембург, каде се очекува да се донесат заклучоците во однос на земјите-кандидати (Македонија и Србија) и дали истите ќе добијат датум за преговори со ЕУ. Наводно, формирањето на Комисијата за истрага на собраниските настани на 24 декември минатата година нема да го спречи нашиот јужен сосед да го употреби правилото на консензус меѓу земјите-членки и да не дозволи нашата земја и по четири препораки на Комисијата, да го добие заслужениот датум за преговори.

eu

Би можело да ве интересира

Кошта: Не ни е потребна Унгарија за да го продолжиме процесот на пристапување на Украина кон ЕУ

Горан Наумовски29/06/2025 - 21:5930/06/2025 - 08:22

Орбан: Пристапувањето на Украина во НАТО би довело до војна Европа и би запалило „буре барут“

Горан Наумовски28/06/2025 - 20:11

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ обезбеди македонскиот јазик и идентитет во ЕУ да бидат чисти, признати и без никакви додавки, тоа беа нашите црвени линии

Горан Наумовски28/06/2025 - 13:32

ЕУ ја критикува состојбата во Газа, но нема да го прекине трговскиот договор со Израел

Предраг Петровиќ27/06/2025 - 16:07

26 од 27 членки на ЕУ ги поддржуваат заклучоците за Украина

Горан Наумовски26/06/2025 - 21:24

Мицкоски: Успеавме да го амортизираме ударот кој што некој од политичарите во Брисел сакаше да го нанесе врз македонскиот идентитет

Предраг Петровиќ22/06/2025 - 15:39
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен