Бугајски: Македонија се соочува со сериозни тестови за нејзината стабилност

Од:

Македонија се соочува со сериозни тестови по нејзината стабилност како резултат на пролонгирање на спорот за името и состојбата со меѓуетничките односи, оценува американскиот политички аналитичар и директор на Центарот за стратешки и меѓународни студии, Јануш Бугајски.

– Македонија се соочува со неколку сериозни тестови по нејзината стабилност, како резултат на два фактора. Прво, заостанувањето на разговорите со Грција во спорот за името ја остава земјата во заборав и без бенефиции кои произлегуваат од членството во НАТО и ЕУ, и второ, меѓуетничките тензии можат да се зголемат ако економските услови и понатаму се влошуваат, вели Бугајски во интервју за списанието на албански јазик „Шења“. Проблем, според него, е и праксата на користење на национализмот за обезбедување поддршка од јавноста за доаѓање и останување на власт.

Евентуалната политичка нестабилност и проширувањето на тензиите, вели Бугајски, без сомнение ќе има негативно влијание кај сите соседни држави и ќе ги вовлече и нив во конфликт за иднината на Македонија.

Во однос на меѓуетничките односи во Македонија, Бугајски оценува дека двете големи етнички заедници остануваат поделени, а долгото задржување на состојбата status quo во однос на влезот во НАТО и ЕУ ќе придонесе за полоши перспективи за идните владини коалиции.

– Албанците во Македонија се фактор на стабилност, но и можен извор на дестабилизација ако приврши меѓуетничкиот политички соживот. Земјата може да почне да се разградува ако недостасува албанската поддршка за македонската државност или за унитарната држава. За да се одржи стабилноста, сегашната администрација треба да биде поактивна во признавањето дека Македонија е заедничко историско наследство не само на Македонците, туку и на сите етнички заедници, особено на нејзините поголеми заедници, истакнува Јануш Бугајски.

Би можело да ве интересира

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија