Бучковски: Владината криза ја контролираат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Од:

Владината криза ја контролираат ВМРО–ДПМНЕ и ДУИ, ако проценат дека им одговараат предвремени избори, така и ќе биде, изјави поранешниот премиер и министер за одбрана, Владо Бучковски во интервју за порталот Пресс24.

„Во такви околности свесно го префрлија фокусот на јавноста на патриотски теми, се вратија во минатото, затоа што немаат решенија за сегашноста и иднината“, одговара Бучковски.

СДСМ, изјави Бучковски, смета дека времето работи за нив и дека за 6 месеци ќе биде уште полоша економската и социјалната положба на просечниот македонски гласач и дека тој ќе гласа

За СДСМ, вели дека изгледале збунето и уплашено, калкулирале и ја пропуштиле шансата да создадат победничка атмосфера.

Бучковски во овој момент не размислува на изборите да излезе со сопствена листа.

„Дел од моите блиски пријатели и подржувачи се кандидати за градоначалници на СДСМ. А оние кои не се, а уживаат сериозна подршка во средините во кои живеат, јас не можам да ги спречам да не настапат како независни кандидати или со независни листи“, одговара Бучковски.

Со Црвенковски последен пат за разговарал на крајот од кампањата за вонредните парламентарни избори. Повеќе од 1 година немале средба, освен неколку случајни средби на кои само куртуазно се поздравиле. Со Заев и со Шеќеринска, вели, има контакти.

Бучковски преферира наследникот на Црвенковски да биде избран на непосредни избори, секој член да гласа за својот фаворит.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски