Комичарот Љупчо Бубо Каров ги повика сите новинари од јавниот сервис да се освестат и да не се плашат зошто не може сите да бидат суспендирани.
Тој кажа дека не треба да учествуваат во диригираната хајка, како што по минатотнеделниот настап бил мета на напад на Сител телевизија.
– По минатонеделниот собир се појави прилог на Сител телевизија во кој што јас и моите колеги бевме прикажани како “пљачкаши“. Тој прилог е напишан од Нетпрес, нема име и презиме, е Латас барем имаше “муда“ се одважи и јавно кажа. Ама има еден проблем-мисли дека сите му веруваат. Есапот не му е точен, и да му е точен тоа не е негов проблем, ако сака точно да информира и да знае нека ја праша и втората страна. Еве нека не не праша нас, нека се повика на истиот закон за добивање информации и нека ги објават сите налози кои МРТ ги има упатено на К-15 продукција.
Но зошто е тоа така? Кај нас видовме дека на чело на нашата владат стои Господарот на плацевите. Латас е сметководителот на Господарот на прстените, тој треба да ги оправда сите тие сметки. Мојот сметководител викаше-наша задача е да направиме завршна сметка. А знаете што е дефиниција на завршна сметка-точен збир на неточни податоци. Е тоа тие се обидуваат да го направат, иначе јасно им е дека тргнаа по водата надоле, и дека водата ќе ги однесе.
Објаснив што е „исто а не е исто“ минатиот пат. Сега ќе ве замолам кога ќе сретнете некого од бандата “Исто е ама не е исто“ поздравете го со звукот кога навистина се ослободуваш.
Кога напред ќе исчекорите, треба да се слушне овој звук (погледни видео 8.53) рече Каров.
Да потсетам на еден настан кога паѓаше Чаушеску, Македонската телевизија беше заспана во зимски сон. Ние во тогашниот Радио Урнебес направивме тема „Криза во социјализмот“.
Ние од втората програма од тогашниот радио уредник направивме скришно тема-снимивме интелектуалци Македонци кои беа на страна, дисиденти. Кога го снимовме Крсте Црвенковски кој беше избришан од сите снимки го донесовме на 10 спрат во МТВ. За три минути додека се качивме во редакцијата, се јави нашиот директор и рече сварете му кафе и нека излезе од оваа куќа надвор. Ние сите ленти што снимавме ги земавме со нас, утредента го најдовме бирото обиено, на една лента напишавме интервју со Крсте Црвенковски, таа лента беше земена, а на неа немаше ништо.
Бевме суспендирани, имавме намалување на платата, а тогашниот уредник ни рече дека толку сме глупави и нема слух што се случува. После две недели истото се случи и во Србија, започна војната и знаеме што се случи. За да не дојде до такво нешто, јас ги молам сите колеги во МРТ да се освестат-направете малку отпор, не може да ве избркаат сите и да ве суспендираат, рече Каров.