ВИДЕО: Бубевски нема да се жали на казните за Мијлаков и Тачи, за Апелација да одлучи до април, а делото на ексдиректорот на УБК да не застари

Од:

Обвинителот Гаврил Бубевски кој ги гонеше Сашо Мијалков и Мендух Тачи во „Титаник 2“ за изборни нерегуларности, посочи дека за да ја не одолговлекува постапката пред Апелација, што би донело застарување на делото за Мијалков, нема да поднесе жалба на пресудата. Тој е задоволен од казните кои се изречени во Кривичниот суд, по вторпат.

„Со оглед дека секоја жалбена постапка кога има жалба од двете страни веќе се обременува предметот. Од страна на Обвинителството во овој случај јас не би поднел никаква жалба во однос на казната и мислам дека е во рамките на она што е предвидено со закон, а токму и тоа да се спречи одолжување на постапката за да може апелација да одлучи во законски предвидениот рок“, кажа Бубевски.

Обвинителството смета дека со чинот да не поднесе жалба, ќе го скрати рокот за одлучување во Апелација, а предметот би бил завршен до април – кога делото за Мијалков застарува.

„Ако тие поднесат ќе има жалбена постапка но кога едниот се жали, другата страна има одговор на жалба, веќе се зголемуваат роковите што се постапува , јас како оној што постапува по предметот и што учестуваваше во постапката сметам дека овие казни во ваква ситуација се доволни. Оптимално е тоа, обвинителство нема да има никаков процесен акт за да може времето да го скрати“, додаде Бубевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Адвокатот на Мијалков: Оваа пресуда ќе ја доживее судбината на претходната пресуда

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) „Титаник 2“: Мијалков, Тачи и сите обвинети добија по две години затвор за изборните нерегуларности

Кристијан Ландов

В понеделник пресуда за „Титаник 2“, Мијалков: Апсолутно не се чувствувам виновен

Кристијан Ландов

„Титаник 2“: Сите ексчленови на ДИК негираат дека се виновни, дел се гордеат со нивното постапување

Кристијан Ландов

Тачи бара ослободителна за изборните нерегуларности, „бомбите“ ги нарекува кафеански муабети

Кристијан Ландов

Бубевски: Умислата е причина за Тачи да биде построго казнет, за Мијалков е побудата поради која го сторил делото

Кристијан Ландов