Бубало: Трајковски осум години не го реши проблемот со атмосферската канализација

Од:

„Вчерашниот дожд во Синѓелиќ и Ченто на улица го извади осум годишниот резултат од работењето на градоначалникот во заминување Тони Трајковски. Улиците се претворија во бари и езерца заради недоволниот капацитет на атмосферската канализација.

Трајковски во двата изминати мандати очигледно беше зафатен само со личните интереси и со интересите на партискиот шеф Груевски.

Така, тој во својот мандат успеа да ја направи улицата на која живее па само таму нема бари и езера.
Ваквото своеволие, неработа и криминална организација граѓаните ќе го казнат во недела. Тие бараат одговорност и реализација на проектите, а не празни ветувања кои се повторуваат во секоја програма.

Сакаат подобра иднина, инфраструктура и просперитет, економски развој и иднина за младите. Ќе изберат Живот за сите“, изјави Милица Бубало.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори