Брвеница денеска избира градоначалник, во трка кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Од:

Во десет населени места во Општина Брвеница денеска се одржува втор круг од изборите за градоначалник. Првиот круг од изборите се одржа на 18 октомври, но ниту еден од шестмината кандидати не го доби потребното мнозинство. Право на глас на 18 октомври имаа 16.256 граѓани, а излезноста изнесуваше 46,56% односно гласаа 7.565 избирачи. Најмногу гласови освоија кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Гласањето почнa во 7 часот кога се отворија избирачките места и ќе се гласа до 19 часот. Во Избирачкиот список се запишани 16.256 избирачи од кои 449 се на привремена работа во странство, а во затвор или во притвор се девет избирачи. Победник на изборите е кандидатот кој добил поголем број гласови. Доколку и во вториот круг од кои било причини не биде избран градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена ја известува Владата.

Државната изборна комисија (ДИК) првичните резултати од изборите добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од Општинската изборна комисија (ОИК) во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

ОИК првичните резултати од изборите ги објавува во рок од 7 часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од ИО, ги истакнува на огласна табла во општината и ги соопштува на јавните гласила.

ДИК конечните резултати од изборите ги објавува веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

Жителите од десетте населени места во Општина Брвеница избираат градоначалник откако на 23 јуни 2026 година на 58-годишна возраст почина дотогашниот прв човек на општината, Јовица Илиевски. Функцијата на вршител на должноста градоначалник во изминатите месеци ја извршуваше Роберт Милошески.

Би можело да ве интересира

ДИК: Излезноста во вториот круг од изборите во Брвеница до 9 часот е 3,98 проценти, гласале 646 граѓани

Гласаа 104 болни и немоќни лица и 8 затвореници на изборите за градоначалник во Брвеница

А1он

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните

А1он

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази