Бројот на жртви од цунамито во Индонезија се искачи на 420, опасност од ново цунами се уште постои

Од:

Директорот на индинезиската агенција за природни катастрофи, Сутопо Пурво Нугрохо изјави дека билансот на жртви од ударот на цунамито, во саботата вечерта, се искачи на 420 лица, а 128 се водат за исчезнати.

Повеќе од 1.400 луѓе се повредени, а неколку илјади останаа без своите домови, пренесе „АП“.

Вулканот Анак Кракатау во Индонезија и понатаму е активен, а за жителите на околното подрачје издадено е предупредување за ново цунами.

Како што пренесе „Би-Би-Си“, Нугрого на вчерашната прес-конференција изјави дека постои опасност од ново цунами поради постојаната ерупција на вулканот.

„Препораката од Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика гласи луѓето да стојат настрана од плажите некое време“, рече портпаролот.

„Ројтерс“ јави дека речиси 12.000 лица од крајбрежните подрачја се присилно евакуирани.

Цунамито ги погоди плажите помеѓу островите Јава и Суматра, откако беше покренато подводно свлечиште предизвикано од ерупција на вулкан.

Би можело да ве интересира

Научниците објаснуваат зошто денешниот моќен земјотрес на Камчатка не предизвика мега-цунами

Горан Наумовски

ВИДЕО: Цунамито стигна до Хаваи и Калифорнија, опасноста намалена, евакуирана Фукушима

Катерина Ѓуровски

Земјотресот во Русија на 30 јули предизвика цунами во Америка на 29 јули

Македонец сведочи за предупредувањето и опасноста од цунами по земјотресот на Камчатка

ВИДЕО: Три цунами бранови погодија руски град

ВИДЕО: Силен земјотрес од 8,8 степени предизвика цунами во Русија, евакуцаии во Јапонија и на Хаваи