Бројот на странските туристи лани зголемен за 10,3 отсто

Од:

Вкупниот број на туристите во земјава лани бил поголем за 6.0 % во однос на 2024 година. Кај странските туристи има зголемување од 10.3 %, а кај домашните намалување од 2.2 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата, пак, бележи раст од 0.8 %. Кај домашните туристи има намалување за 4.1 %, а кај странските раст од 6.4 %.

Во декември 2025 година, од вкупниот број туристи, 36.7 % биле домашни, а 63.3 % се странски туристи.

Бројот на ноќевањата во декември 2025 година изнесува 112.001, од кои 42.4 % се од домашните туристи, а 57.6 % од странските.

Би можело да ве интересира

По 22 часа и преспивање во расипан автобус, македонските туристи уште се враќаат од Истанбул

Предраг Петровиќ

ДЗС: Поскапеа услугите за транспорт и складирање, но и телекомуникациите

Негативен природен прираст и во второто тримесечје, 1.135 помалку родени од умрени

Горан Наумовски

Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 22.5 отсто

Се зголемува туристичкиот промет и интересот на странските туристи од западноевропските земји за Македонија

Трошоците на живот во март бележат зголемување од 2,7 отсто на годишно ниво