Последните податоци што ги објави Министерството за здравство покажуваат дека заклучно со 21 месецов во државава се вакцинирани над 800 000 граѓани, односно 767 800 граѓани се ревакцинирани. Воедно, на пет илјади граѓани ја примиле трета анти ковид доза на вакцината.
– Од популацијата над 40-годишна возраст ревакцинирани се 54 отсто, а 33 проценти од лицата од 18 до 39 години примиле најмалку една доза вакцина, велат од МЗ. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 проценти од граѓаните над 18 години, информираа вчера од Министерство за здравство.
Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирано, а 35 проценти од жителите примиле две дози вакцина.
Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата достигна 199 057, на оздравени пациенти 185 931, на починати 7.019, а на активни случаи изнесува 6.107.
Според епидемиолошки анализи, Скопје и натаму е град со најголем број активни случаи, 3082, по што следи Куманово со близу 500 пациенти активни на Ковид-19, Велес, 297 случаи, Прилеп, 243.