Опаѓа бројот на новозаразени од коронавирусот. Вчера беа регистрирани 392 инфицирани од 4.633 тестирања или околу 8,4 отсто. Претходно тој процент беше над 10. Се намалува и бројот на активни случаи. На почеток на септември во државата имаше над 15.000 активни случаи, во моментов има 12.240. За претходното деноноќие беа регистрирани и 20 починати.
Досега во земјата се направени вкупно 1 274 003 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189 551 бројката на оздравени пациенти е 170 734, на починати е 6577, а бројот на активни случаи изнесува 12 240.
Според епидемиолошки анализи во моментов, во Скопје има најмногу активни и тоа 5689. Следува Куманово со 967, Тетово – 945, Охрид – 502, Гостивар – 490, Кичево – 417, Струга – 364, Велес – 312, Струмица – 310, Прилеп – 304. Во другите градови се помалку од 300, а во Дојран само еден позитивен на Ковид-19.
Заклучно со завчера вакцинирани се 781 623 граѓани, а ревакцинирани 714 135, односно аплицирани се вкупно 1 495 762 дози. Прва доза вакцина завчера примиле 1717 , а вкупно се вакцинирале 6897 граѓани, соопшти Министерството за здравство.
Со последните бројки, барем една доза вакцина имаат примено 55 отсто од населението над 40 години и 31 отсто од населението од 18 до 39 години.
Во светот досега со коронавирусот се заразија 232 милиони луѓе, починаа над 4,7 милиони, а оздравеа околу 208 милиони лица.