Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Скопје и натаму опаѓа

Од:

Во Скопје заклучно со вчера се регистрирани вкупно 3.656 лица заразени со коронавирус,  а во моментов има 1.928 активни случаи, откако на почетокот на месецов, таа цифра се искачи над 2.000, информира Министерството за здравство.

Еве ја дистрибуцијата на вкупни и активни случаи по градови:

•       Скопје 3656, активни 1928
•       Куманово 818, активни 179
•       Дебар 120, активни 67
•       Штип 411, активни 166
•       Прилеп 289, активни 58
•       Тетово 831, активни 351
•       Струга 288, активни 187
•       Велес 198, активни 36
•       Битола 65, активни 24
•       Охрид 218, активни 189
•       Кавадарци 22, активни 15
•       Гостивар 188, активни 115
•       Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
•       Струмица 18, активни 10
•       Крива Паланка 18, активни 12
•       Радовиш 4, активни 0
•       Крушево 8, активни 4
•       Кочани 76, активни 17
•       Пробиштип 30, активни 19
•       Демир Хисар 3, активни 2
•       Македонски Брод 7, активни 5
•       Пехчево 6, активни 2
•       Берово 3, активни 0
•       Валандово 6, активни 2
•       Виница 4, активни 1
•       Делчево 1, активни 0
•       Кратово 6, активни 3
•       Свети Николе 58, активни 51
•       Кичево 58, активни 49
•       Ресен 129, активни 88
•       Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1470 теста се преку: ИЈЗ-684, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-112, Биотек-112, МАНУ -121, Жан Митрев (Филип Втори) -235, Систина со PCR метода -150, Судска медицина -14, ЦЈЗ Битола-19. Досега во земјата се направени вкупно 72.690 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 62 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 2 деца позитивни и 3 суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, вкупно хоспитализирани се 94 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 110 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
•       Чаир – 360
•       Аеродром – 166
•       Бутел – 156
•       Гази Баба – 210
•       Центар – 156
•       Карпош – 153
•       Сарај – 140
•       Кисела Вода – 114
•       Ѓорче Петров – 111
•       Студеничани – 121
•       Шуто Оризари – 89
•       Арачиново – 46
•       Илинден – 34
•       Петровец – 18
•       Чучер Сандево – 18
•       Сопиште – 7
•       Зелениково- 13
•       Странец – 5
•       Нераспределен- 11

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска