Брнз: На Северна Македонија ѝ се потребни избори согласно законите и Уставот

Од:

Амбасадорката на САД во државава Кејт Мари Брнз порачува дека е важно во земјава да се одржат избори затоа што, како што истакнува на Северна Македонија и се потребни потполно функционални институции за справување со сите предизвици, вклучително и со кризата со Ковид-19. Истакнува дека датумот за избори треба да се утврди во согласност со законите и Уставот на земјата.

-Важно е во земјата да се одржат избори. На Северна Македонија ѝ се потребни избрани и потполно функционални институции – влада и собрание – за да се справуваат со многуте итни предизвици кои ќе имаат долгорочен ефект врз иднината на земјата, вклучувајќи го одговорот на кризата со Ковид-19, како и подготовките за пристапните преговори со ЕУ. Што се однесува до датумот за овие избори, тој треба да се утврди во согласност со законите и Уставот на земјата, наведува Брнз.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември