Брнабиќ: Србија им дава полна подршка на Македонија и Албанија за датум за преговори со ЕУ

Од:

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска ги повика сите на Балканот кои немаат пристапено во „Отворен Балкан“, вклучително и Косово, да се приклучат на иницијативата, истакнувајќи дека поканата е постојано отворена.

– Граѓаните кои живеат во регионот ќе имаат неверојатна корист од оваа иницијатива, кажа Брнабиќ, одговарајќи на прашања на 101. Роуз-Рот семинар на Парламентарното собрание на НАТО, „Евро-атлантска интеграција, партнерство за мир и натамошни чекори во справувањето со преостанатите предизвици во Западен Балкан“, што се одржува во Собранието на Србија.

Брнабиќ изјави дека Србија им дава „полна поддршка“ на Северна Македонија и Албанија да добијат датум за почеток на преговорите со Европската унија (ЕУ), бидејќи тие тоа „целосно го заслужиле“.

– Во разговорите со партнерите од ЕУ секогаш нагласуваме дека во интерес на просперитетот на регионот е овие земји да добијат датум за почеток на преговорите што е можно поскоро, но исто така е исклучително важно ЕУ да работи со Босна и Херцеговина за да таа не биде запоставена, кажа Брнабиќ.

Зборувајќи за регионалната соработка, српската премиерка оцени дека мирот и безбедноста во регионот се основен услов за напредок за секоја земја, но и за целиот регион во целина.

– Секоја нестабилност во кој било дел влијае на целиот регион, кажа Брнабиќ, додавајќи дека Србија ги почитува своите соседи и доследно го почитува немешањето во внатрешните работи на соседните земји.

Таа кажа дека иницијативата „Отворен Балкан“ претставува шанса за регионот во однос на зајакнување на инфраструктурата, слободата на движење на луѓе, стоки, капитал и услуги, но додаде дека иницијативата не е замена за евроинтеграциите.

– Иницијативата секако не е замена за евроинтеграциите кон кои се стреми Србија, но е обид во некои области да дејствуваме самостојно, изјави српската премиерка.

Зборувајќи за Косово, таа посочи дека во Приштина не гледа подготвеност за дијалог, за што сведочат „се поголемиот број напади врз Србите и фактот дека Приштина не сака да го исполни Бриселскиот договор“.

– Неразумно е да се очекува од нас да одиме на преговори за некој друг договор, без Приштина да го исполни Бриселскиот, по толку години од потпишувањето, оцени Брнабиќ.

Таа нагласи дека Србија е воено неутрална држава која не се стреми кон членство во НАТО, но сака да го подобри дијалогот и партнерската соработка со Алијансата, во рамките на Партнерството за мир, со цел да се зачува безбедноста и стабилноста.

Би можело да ве интересира

Брнабиќ е избрана за нов претседател на Народното собрание на Србија

Горан Наумовски

Ана Брнабиќ е кандидат за претседател на Народното собрание на Србија

Горан Наумовски

Брнабиќ им се заблагодари на руските служби што ги споделиле информациите дека се подготвуваат немири

Катерина Ѓуровски

Ана Брнабиќ за протестот на опозицијата: Мајдан во Белград – тоа нема да успее

Горан Наумовски

Брнабиќ: Отворениот Балкан има светла иднина, не верувам дека Рама е против тоа

Горан Наумовски

Брнабиќ: Србија никогаш вака не напредувала