Брнабиќ: Со С. Македонија се договорени 8.000 вакцини, но Фајзер не е регистрирана во државата

Од:

Премиерка Ана Брнабиќ изјави дека Србија сака да им помогне на околните земји во однос на вакцинацијата против коронавирусот, потсетувајќи дека претседателот Александар Вучиќ и премиерот на Северна Македонија Зоран Заев се договориле Србија да и помогне на С.Македонија со 8.000 дози.

Таа за Тв Хепи изјави дека задачата на Владата на Србија за помош на земјите од регионот е дадена од претседателот Александар Вучиќ, со образложение дека „ако нашите граѓани се вакцинираат, а нашето соседство нема вакцина и не е среќно, не можеме ниту ние да напредуваме.“

– Имаме договор, разговараа премиерот на С. Македонија, Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ. Вучиќ одлучи да им помогне со 8.000 вакцини. Ние помагаме да се регистрираат вакцините „Фајзер“ во Северна Македонија. Работиме со нив. Проблемот може да биде во тоа што тие примаат вакцини „Фајзер“, но не се регистрирани. Поентата не е само да се дојде и да се купи вакцината, има многу повеќе работи во позадина. Регистрација од соодветната агенција, план за вакцинација. Ние сме една од ретките земји кои имаат адекватен информативен систем. Нашите граѓани знаат да аплицираат за вакцината, сè е транспарентно. Слушнав приказни од луѓе од други земји каде велат дека не знаат како да се пријават, кои им се приоритетни групи, кажа Брнабиќ.

– Утрово околу 9 часот ја поминавме бројката од 50 илјади вакцинирани, додаде премиерката.

Би можело да ве интересира

Kараванот за вакцинирање против КОВИД-19 ќе трае уште два дена

А1он

Со СМС пораки ќе се повикуваат на вакцина невакцинираните и нецелосно вакцинираните кои имаат заболувања

Маја Илиевска-Пачемска

За помалку од 250 евра ќе се уништат 300.000 дози на вакцини против ковид, Сали: Не треба да се прави политика од ова

Кристијан Ландов

Владата ќе ги стимулира младите да се вакцинираат

А1он

Во Врање во 2021 година вакцинирани вкупно 26.689 македонски државјани

А1он

На почетокот од следната година Македонија ќе добие педијатриски дози од Фајзер за деца од 5 до 12 години

А1он